Ознака: годинава

povelba

Четиринаесет апликации за Климентовата награда и повелбите

Post Views: 7 Вкупно четиринаесет поднесени апликации за конкурсот за доделување на најпрестижното општинско признание, наградата „Свети Климент Охридски“ и повелбата. Крајниот рок за поднесување на апликациите истече вчера. Шест од пристигнатите апликации конкурираат за „Светиклиментовата награда“, а осум за повелбата. Се чека до локалната да пристигнат апликациите кои во предвидениот рок биле испратени по пошта. Годинава, во донесувањето на одлуката кој ќе биде добитник на највисокото општинско признание на градоначалникот Никола Бакрачески ќе му помага посебна комисија формирана...

Continue reading

desareti

Од Лајонс Клубот „Десарети“ и годинава хумани

Post Views: 18 Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид и годинава традиционално се вклучува во неделата во борба против гладта. Претседателот на клубот Иво Захариески истакна дека секоја хуманост, а посебно онаа кон ранливата категорија на луѓе е нешто што секој го исполнува. Тој вели дека во иднина ќе се трудат и повеќе да помагаат на луѓето кои имаат реални потреби од тоа. „Ова е шеста по ред акција во која се вклучуваме во светската недела. Инаку пакетите се составени по терк на светската здравствена организација и содржат комплет намирници неопходни за потребите на едно четири члено...

Continue reading

SVP

Струшки вечери на поезијата годинава со нов лик

Post Views: 9 Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ и годинава ќе се организира на високо ниво, најавуваат од Управниот Одбор. Општина Струга ќе продолжи  и понатаму да биде дел од организацијата, велат од таму. Управниот одбор веќе има концепт како ќе се одвива целата манифестација. Славе Ѓорго Димоски, претседател на управниот одбор на СВП,  информира дека на годинешното издание на фестивалот се предвидува да учествуваат 70-тина странски поети и 50 од Македонија. Од писателите низ целиот свет поканата за  учество на реномираниот фестивал, досега ја прифатиле 50 учесници,...

Continue reading

pregledi

Бесплатни превентивни прегледи за светскиот ден на срцето

Post Views: 8 Со бесплатни превентивни прегледи на крвен притисок, ЕКГ слика и ризик за кардиоваскуларни заболувања, на градскиот плоштад беше одбележан Светскиот ден на срцето. Годинава под мотото „Тргни кон здраво срце“, светскиот ден на срцето  беше организиран од страна на Институтот за јавно здравје, а поддржан од локалната самоуправа во Охрид и секако Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид чии екипи ги спроведуваа превентивните прегледи. Граѓаните воодушевени од акцијата и можноста да добијат бесплатен совет за здраво срце. „Јас секој месец одам на прегледи,...

Continue reading

crven krst Ohrid

Охриѓани подготвени за државниот натпревар по Прва помош

Post Views: 4 Официјален организатор на натпреварот е Црвениот крст на Р Македонија, со голема логистичката подршка од Црвениот крст од Охрид. За прв пат на ова државно првенство ќе има игра помеѓу актерите, малку поразличен  пристап во однос на однесувањето со повредите , нешто што активистите од ОО на Црвен крст го работат изминативе четири години. Годинава тимот од oхриѓани состевен од актери од 15 луѓе, меѓу кои и  шест шминкери ќе бидат официјални актери на државното првенство.Членовите на охридскиот тим сигурно во себе, велет дека се максимално подготвени за секакви ситуации....

Continue reading

ftu

Започна академската година 2013 / 2014

Post Views: 2  Факултетите подготвени за бруцошите. На ФТУ годинава запишани 300 студенти. Денеска тие  ги добија своите индекси, со што и официјално станаа дел од оваа реномирана високообразовна установа. Во третиот уписен рок што ќе се одржи утре, се очекува да се пријават уште триесеттина студенти. И оваа година, како и изминатите, најголем интерес за запишување имало на насоките Царина и шпедиција и осигурување, открива деканот на ФТУ, Сашо Коруновски. „Тие студенти се на шесте студиски програми кои се во комбиниран состав и тоа четири годишни и тригодишни академески студии....

Continue reading

legalizacija

Солидна динамика во процесот на легализација

Post Views: 3 Процесот на легализација во Охрид се интензивира. Последниве 4 месеци Локалната самоуправа бележи нагорна линија по однос на прегледани, обработени како и комплетно решени предмети. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески појаснува дека наследиле лоша состојба во однос на процесот на легализација. Според него, овој процес се одвивал бавно и неорганизирано. Тоа го поткрепи со фактот дека за две години во рамките на општина Охрид,  до 01 април годинава, биле издадени 600 дозволи за легализација, додека пак во последниве 4 месеци односно од 01. април до 1 ви септември, ...

Continue reading

bazen

Наградата „Климе Савин“, за Думбалова Делова

Post Views: 41 Не смее да згасне пливањето во Охрид, колевката на познатите охридски маратонци. Кон тоа тежнее проф Соња Думбалова Делова. Доколку летово го посетивте базенот Атина Бојаџи, неизбежна ќе ви беше средбата со неа и бројната група на деца, кои беа желни да научат да пливаат. Сега на самиот крај од сезоната Думбалова ги сумира резултатите од летната пливачка школа „Делфина 2012“, односно како што и самата кажа, горда што 320 деца ги научи да пливаат. „Многу успешно со многу голема бројка на посетеност, децата научија да пливаат и сите се способни да оливаат во големиот...

Continue reading

brisevi

Годинава брисеви од грло и нос се земаат и во централната градинка

Post Views: 0 Градинките се спремаат за големиот почетокот на 02 септември. Законска обврска на родителите кои ги запишуваат дечињата во градинка е да донесат негативен бактериски наод од грло и нос на своите деца. Годинава за прв пат центарот за јавно здравје обезбеди мобилна екипа која брисеви на дечињата им зема во централната градинка. За дечињата земањето брис во градинка, наместо во просториите на центарот за јавно здравје помалку стресно. Целта на акцијата на градинката и центарот з ајавно здравје е да им ја олесниме работата на родителите, нои стресот на дечињата, велат од...

Continue reading

upisi fakulteti

Започна трката по студентски индекс

Post Views: 4 Државните универзитети ги отворија вратите за академската 2013/2014 година. На Факултетот за туризам и угостителство очекувана навала и голема заинтереситаност, за студирање на овој факултет. Кандидатите со точно дефинирани ставови,  на која насока сакаат да го продолжат своето образование.   Од ФТУ потврдуваат дека и годинава имаат голем интерс за запишување на понудените студиски програми. Проф.д-р. Ирина Петровска,  претседател на уписната комисија,  вели  дека годинава на ФТУ можат да се запишуваат студенти и на новата студиска програма „Менаџмент на услужен сектор...

Continue reading

ohridski plivacki maraton

Општина Охрид се вклучи во организацијата на охридскиот маратон

Post Views: 9 Охрид одбројува до меѓународниот пливачки маратон. Локалната власт годинава активно се вклучува во негово помагање покрај со финансии и во организацискиот дел.Преку одлука на совет одобрени се  средства во висина од 300 000 денари за финансиска подршка на маратонот , а од друга страна имаме и добар дел од активностите на мартонот ќе бидат логистички подржани од наша страна.  Ова е за прв пат конкретна и голема помош во поглед на самата организација на маратонот“, истакнува раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.   „Маратонот знаеме на кое ниво е сведен последниве години....

Continue reading

ezero

„Безбедност во и околу вода“ – со здружени сили

Post Views: 0 Полицијата заедно со капетанијата и со Црвениот крст заеднички го спроведуваат проектот „Безбедност во и околу вода“. Овој проект има превентивен, но и едукативен карактер.  Благодарение на координираната работа и мерките кои 24 часа дневно 7 дена во неделата ги спроведуваат овие институции  повеќе од очигдно е дека  видно е намален бројот на случени незгоди на вода. Портпаролот на СВР, Стефан Димовски како илистрација кажа дека минатата година како служби регистрирале вкупно три незгоди на вода случени во Охридско струшкото крајбрежје од кои две резултирале со  повреди...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top