Охриѓани подготвени за државниот натпревар по Прва помош

Финални подготовки на тим од Црвениот Крст за државното првенство по Прва помош.

 |  Маленкова Татјана  | 
crven krst Ohrid
црвен крст охрид

Официјален организатор на натпреварот е Црвениот крст на Р Македонија, со голема логистичката подршка од Црвениот крст од Охрид. За прв пат на ова државно првенство ќе има игра помеѓу актерите, малку поразличен  пристап во однос на однесувањето со повредите , нешто што активистите од ОО на Црвен крст го работат изминативе четири години. Годинава тимот од oхриѓани состевен од актери од 15 луѓе, меѓу кои и  шест шминкери ќе бидат официјални актери на државното првенство.
Членовите на охридскиот тим сигурно во себе, велет дека се максимално подготвени за секакви ситуации.

„Ќе учествувавам јас лично во сите субпозиции дадени од натпреварот. Сите работевме на тие субпозиции и crven krst Ohridдетално ги обработивме, подготовка како треба да пристапиме, како да помогниме, како да преврзиме, како да мобилизираме, сетоа тоа го подготвивме и мислам дека сите сме спремни да дадеме каксимум од себе. Бев и лани на натпреварот. Иако не победивме сепак беше многу интересно и дадовме се од себе и се покажавме добро, дури имаше и многу позитивни коментари од докторите. Се надевема дека оваа година ќе го земиме првото место“, вели член од тимот Милан Србиноски.

„Веќе подолго време работиме со прва помош, не се само тренинзиве кои ги одржуваме, некои од нас и професинално се ангажирани по плаживе. Целиот тим работиме на манифестации како екипа за пра помош на натпревари и спортски натпревари, така да натпреваров ќе биде само едно загревање за тоа што го работиме во реална ситуација“, истакна член од тимот Ненад Ристески.

Mеѓународниот инструктор по прва помош Даниел Наумовски признава дека тимот е подготвен за натпреварот. Тој вели дека шест члената екипа која ќе го преставува Охрид, изминативе четири месеци интензивно се подготвувала со инструктори од операција Флоријан во моментот кога работеле обуки и за спасители на вода. Покрај со нив тимот се подготвувал и со двајца маѓународни инструктори по прва помош.

crven krst Ohrid„На државното првенствоработиме на субпозиции, а тоа се повреди. Постојат 36 официјални, меѓутоа ништо не стои до тоа има некои варијации на тоа и ние работиве на варијациите како би можеле да ги решиме проблемите. Не е така едноставно како што изгледа, ако е скршеница не значи дека тоа е таа скршеница, битен е пристапот како треба да се сврти. Интензивно работиме на тие субпозиции. Тука работиме и на опекотини, изгореници. Останати состојби како срцев удар, ангина пекторис, епилепсија, наркотизирани лица, алкохолизирани, крварења, пригнечувања на нозе, раце, реанимација“, истакна меѓународениот инструктор по прва помош, Даниел Наумоски.  

Наумоски изрази  голема благодарност до сите помагатели Ординацијата Баткоски , медика Плус , Иба фитнес и единицата за спасители на вода која постојано ги ангажираше  момчињата во текот на летото за да можат и прекатично да се соочат со проблемите кои теоретски ги излучувале.
Наумоски признава дека  очекува висок пласман на натпреварот. Тој е многу сигурен  во својот тим и се надева дека годинава ќе успеат по втор пат да го донесат пехарот во Охрид.
За потсетување прв пат пехарот од државно првенство тим од  ОО на Црвениот крст го освои во 1999 год.Победниците на државното првенство ќе бидат Македонски преставници на Европското првенство по Прва Помош.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top