Tag: бели

Охридските „сино бели“ денес играат бараж за влез во Првата фудбалска лига

Охридските фудбалери денес со почеток од 16 часот во Скопје против тетовска Ренова го играат бараж натпреварот за учество во Првата македонска фудбалска лига. ГФК Охрид Лихнидос денес во Скопје го игра бараж натпреварот со Ренова за пласман во Првата македонска фудбалска лига. Фудбалерите на Охрид во полн состав заминаа во Скопје, а вчера го имаа и последниот тренинг пред големиот дуел. Овој натпревар е клучен и своевидно финале во тековната натпреварувачка сезона за двете екипи. Нашите фудбалери се силно мотивирани и со сите сили ќе се борат за влез во елитното друштво на Македонија.  Бараж...

Continue reading

Дениците продолжуваат со акцијата за поубав и почист Охрид со засадување бели рози

 Дениците продолжуваат со акцијата за поубав и почист Охрид со засадување бели рози. Во паркот наспроти хотел Гарден денеска тие засадија нови садници од овој цвет кој претставува филтер на воздухот.  Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. Паркот наспроти хотел Гарден денеска беше разубавен со 50 нови садници на бели рози. Со оваа активност, која што трае веќе 5 години, Дениците не само што го облагородуваат и разубавуваат паркот низ кој секојдневно минуваат голем број граѓани и туристи туку даваат и еколошки придонес за почиста животна...

Continue reading

denici

Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава засади бели рози

Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. 25 рози беа засадени во паркот наспроти хотел Гарден. Паркот наспроти хотел Гарден вчера беше разубавен со 25 нови садници на бели рози. Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. „Со оваа наша активност сакаме да дадеме свој мал еколошки придонес, а истовремено и да ја разубавиме глетката на паркот низ  кој секојдневно минуваат голем број љубители на природата“ – изјавија од Лајонс Клубот „Деница“, заблагодарувајќи се и на стручната ...

Continue reading

beli rozi

Бели рози за почист воздух

Женскиот лајонс клуб Деница денес го разубави дворот на охридската гимназија Св.Климент Охридски. Тие велат дека ова е една симболична акција како да се поттикнат младите на размислување не само за естетиката туку и за значајната функција на белите рози кои го филтрираат загадениот воздух. Белите рози, симболот на чистотата денес го разубавија училишниот двор на гимназијата “Св.Климент Охридски”. Женскиот лајонс клуб “Деница” со една симболична акција испрати порака за подигнување на свеста кај граѓаните не само за естетиката и убавината на овој убав цвет туку и за неговата...

Continue reading

mir

Бели гулаби, песнички и искрени пораки за мир од најмалите охриѓанчиња на Меѓународниот ден на мирот

Порака за крај на војните и насилствата низ целиот свет упатија и членовите на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца. Традиционално, за овој ден, беше прочитана и пораката за мир упатена од генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун. Пуштајќи ги белите гулаби, симболот на мирот и пренесувајќи ги искрените детски пораки и желби за крај на сите насилства и војни во светот, денес, најмалите охриѓанчиња од градскиот плоштад покажаа колку малку е потребно за да се оствари најголемата желба на човештвото и да стане реалност. Пеејќи песнички, играјќи и носејќи пораки за мир во рацете, тие го...

Continue reading

logo

Дениците го разубавија Охрид со уште 70 садници бели рози

Активистките на Лајонс клубот „Деница“ од Охрид, втора година по ред како го збогатуваат нашиот град со бели рози. Втора година по ред на 6-ти ноември,  членките на Лајонс Клубот „Деница“ од Охрид,  садат бели рози во паркот пред хотелот „Гарден“. Продолжуваат со нивните заложби, Охрид да прерасне во „град на белите рози“. Даниела Котеска Лозаноска, членка на Лајонс клубот „Деница“ истакна дека  нивната цел е ноември да биде месецот на белите рози како препознатлив симбол на Охрид, а оваа активност да прерасне во традицонална. „Оваа година засадивме седумедесетина садница, поголема бројка од...

Continue reading

Малку познати факти за патиките “старки”

Тешко дека постои лице кое барем еднаш не ги носело Со оглед на истражувањата кои покажале дека секоја 43-та секунда во светот се продава еден пар на “старки”, тешко дека постои лице кое барем еднаш не ги поседувало патиките од компанијата Converse, која е продадена на Nike во 2003 година. Тие се создадени за прв пат во 1917 година како кошаркарски патики, а со времето станаа заштитен знак на урбан тренд, па така денес ги носат сите од музичари до директори. Еве некои малку познати факти за “старките” кои ги пишува refinedguy.com –Продадени се повеќе од 800 милиони пара до 2013 година....

Continue reading

logo

„Носталгија во црно-бели рамки“ од Зоран Вељаноски – Летра

Под наслов „Носталгија во црно-бели рамки“ на програмата на Охридско лето недела во Дирекцијата на Фестивалот  со почеток од 20 часот е изложбата на фотографии од Зоран Вељаноски – Летра. Под наслов „Носталгија во црно-бели рамки“ на програмата на Охридско лето недела во Дирекцијата на Фестивалот  со почеток од 20 часот е изложбата на фотографии од Зоран Вељаноски – Летра. Во овој циклус фотографии од веќе препознатливиот фото-запис на Зоран Летра се исцедува носталгијата како сон отсонуван во црнобели рамки кој постојано се преобразува, се интенвизира и дејствува со лирскиот тон на виденото,...

Continue reading

roman Sipinkarovski

„Децата на Марија“, нова книга која Култура 365 ја подарува на охридските читатели

Овој роман на познатиот струшки писател, Петко Шипинкаровски побуди голем интерес кај охриѓани кои денес имаа можност и да се сретнат со авторот и да добијат книга со негова посвета. Култура 365 во акцијата „Недела на книгата“ на охриѓани им го подарува романот „Децата на Марија“. Оваа книга е дел од творечкиот опус на познатиот струшки писател, Петко Шипинкаровски. Овој роман е второ четиво кое Шипинкаровски го напишал од областа на историјата. Романот го обработува периодот околу Првата светска војна, а дејствието е сместено во Мариово, за време на протерувањето на македонското население од...

Continue reading

  • 1
  • 2


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top
Ad