Tag: банки

Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казино

Со парите в раце фатен е разбојникот кој ограби 5 филијали на банки и едно казино. Од страна на полицијата во Кичево откако претходно изврши грабеж во експозитурата на „Шпаркасе банка“ во Кичево вчера е уапсен 34 годишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада. Тој доби три кривични пријави поради основано сомнение дека е сторител на шест разбојништва во Охрид, Струга и Кичево. Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казина во Охрид, Струга и Кичево. Сторител на кражбите е триесет и четиригодишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада, кој вчера бил уапсен од страна на полицијата во Кичево откако претходно...

Continue reading

Централните банки од Европа дискутираат за плаќањата во електронската трговија и нивната безбедност

На деветтата по ред меѓународна конференција за платежни системи и системи за порамнување на хартии од вредност, ќе се разговара и околу прилагодување на македонското законодавство од доменот на платните системи со европската регулатива. Усогласување на македонското законодавство со европските регулативи во делот на платежните системи, дискусија околу најновите трендови во електронската трговија, мобилните паричници, плаќањето преку мобилни апликации. Ова се само дел од темите на кои од денес, па се до среда ќе се дискутира на деветтата по ред меѓународна конференција за платежните системи и...

Continue reading

Во аферата “Panama Papers” вмешани 28 германски банки

Deutsche Bank основала најмногу оф-шор компании Најмалку 28 германски банки во последните неколку години ги користеле услугите на компанијата Mossack Fonseca која им помагала на богатите да избегнуваат плаќање на даноци, наведува германскиот весник Suddeutsche Zeitung кој ја разоткри аферата “Panama Papers” во соработка со меѓународен конзорциум на истражувачки новинари. Барем 14 од тие 28 германски банки се вплеткани во глобалниот скандал и учествувале во основањето на повеќе од 1.200 оф-шор компании, а целта им била криење на имот и перење пари, пишува германскиот весник. Во ова предничи Deutsche...

Continue reading

Група на банки во Швајцарија под истрага за местење на цените на берзите

Регулаторите располагаат со докази за пазарни измами Швајцарските регулатори за заштита на пазарното натпреварување објавија дека покренале истрага против група на банки со сомнение дека договарале цени на племенитите метали. Комисијата за пазарно натпреварување (COMCO) покрена истрага против две швајцарски банки UBS, и Julius Baer, но и против странските финансиски институции Deutsche Bank, HSBC, Barclays, Morgan&Stanley и Mitsui, се наведува во соопштението. Регулаторите напоменуваат дека располагаат со докази дека банките можеби склучувале незаконски договори за поткопување на пазарното...

Continue reading

Паника во грчките банки, подигнати две милијарди евра во два дена

Големо прашање е дали во понеделник банките во Грција ќе работат Европската централна банка на состанокот на министрите за финансии на еврозоната изјавила дека не е сигурна дали во понеделник грчките банки ќе отворат да работат, со оглед дека Грците се во страв од банкрот на државата и засилено ги вадат своите пари од банките. Грција мора до 30 јуни да му исплати на ММФ рата од 1,5 милијарди евра, но грчката каса е празна поради што на земјата и се потребни 7,2 милијарди евра понатамошна помош за да не дојде до банкрот и излегување од еврозоната. Во страв од таков развој на случувањата од грчките...

Continue reading

Банки откриле илјадници ничии сметки

Пронајдени се илјадници неактивни сметки во швајцарските банки Швајцарските банки откриле илјадници сметки отворени пред 1955 година, кои од тогаш не биле активни воопшто, пренесува германскиот весник Welt am Sonntag.Портпаролката на здружението на швајцарските банки потврдила дека истрагата покажала дека ниту временски ниту географски овие сметки не се поврзани со националсоцијализмот во Германија. Спрема нејзините зборови станува збор за клиенти од Швајцарија и странство.Овие сметки излегоа на виделина по усвојувањето на новиот закон кој ги обврзува банкарските институции да ги објават сметките...

Continue reading

Deutsche Bank и Barclays под истрага

Можни манипулации со euribor и libor Британската канцеларија за истрага за измами ги повика трговците на британската банка Barclays и германскиот џин Deutsche Bank на разговори во врска со истрагата со која треба да се утврди дали имало манипулации со референтната каматна стапка euribor, извести Financial Times, повикувајќи се на извори поврзани со истрагата. Британскиот регулатор истражува дали трговците манипулирале со меѓубанкарската референтна каматна стапка еuribor за отстварување на лична корист, а ги истражуваат и трговците на некои други банки, објави угледниот лондонски финансиски дневник,...

Continue reading

Десет големи банки под истрага

Банки местеле цени на племенити метали Американското министерство за правда и Комисијата за трговија со стоки (CFTC) истражуаат најмалку 10 големи банки поради можноста тие да ги местеле цените на племенитите метали, објавил Wall Street Journal повикувајќи се на луѓе блиски до истрагата. Обвинителот на американското министерство за правда го проверува процесот на одредување на цената за златото, среброто, платината и паладиумот во Лондон, додека CFTC покренало своја истрага, објавил весникот. Како што се наведува во весникот, под истрага се најдоа HSBC, Bank of Nova Scotia, Barclays, Credit...

Continue reading

Неочекувана одлука на Европската централна банка

Грчките банки во тешка ситуација Европската централна банка ненеадејно вчера одлучи да не ги прифаќа грчките обврзници како осигурување за заемите, со што теретот за финансирање на грчките банки е префрлен на грчка  страна, а тоа истовремено значи изолација на Грција, освен ако новата левичарска влада не постигне договор со своите доверители. Оваа одлука значи дека грчката централна банка ќе мора да обезбеди десетици милијарди евра итни заеми во седмиците кои доаѓаат,а е предизвикана со тоа што многумина во Франкфурт сметаат дека новата грчка влада ја напушта меѓународната програма за помош...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top