Тешки времиња за руските политичари

Сите руски политичари се обврзани до 1 јуни да ги затворат сметките во странските банки, ако имаат, и да го продадат имотот којшто им е надвор од Русија.

 |  Голабовски Крсте  | 
Vladimir Putin
Владимир Путин

Сите руски политичари се обврзани до 1 јуни да ги затворат сметките во странските банки, ако имаат, и да го продадат имотот којшто им е надвор од Русија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, со најновиот указ одреди точен рок до кога политичарите на федерално ниво, и тие пониските, сѐ до градските, мораат да одлучат дали сакаат да останат во своите фотелји или сакаат да си одат, и на тој начин да си ги зачуваат своите банкарски сметки и недвижности во странство.

Vladimir PutinПутин, исто така, потпиша и указ со којшто се обврзуваат државните службеници, но и членовите на нивните семејства, да ги објават своите приходи. Указот е во врска со Законот за борба против корупцијата.

Секое поголемо купување, посебно недвижности или автомобили, хартии од вредност или акции, мора да се „објасни“ и во посебен формулар да се напише „од каде се тие пари за одреденото купување“. До 1 октомври 2013 година Владимир Путин пред себе ќе има извештај со информации за имотот на сите службеници.

Рускиот Парламент, во декември минатата година, во „првата рунда“ го прифати проектот со којшто на лицата кои имаат државна функција во Руската Федерација, на ниво на републиката и на градовите, но и на воените лица, полицајците, цариниците, обвинителите и истражувачите, како и на нивните сопруги и малолетни деца, им се забранува да имаат недвижности и сметки во странски банки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top