Програмата на администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш за поддршка на банките, која доцна синоќа беше поднесена во Конгресот со цел да биде одобрена, може да изнесува 500 милијарди долари дури и повеќе, јавија западните медиуми.

Според извор од банкарските кругови, американското Министерство за финансии ќе предложи меѓу 500 и 800 милијарди долари за владиниот план за исплата на спорните активи, поврзани со хипотекарните кредити. Со планот се предвидува Владата да откупува станбени хипотеки и активи само на американски финансиски институции.
Со програмата е предвидено и назначување на надворешни советници, кои ќе работат за Министерството за финансии и ќе го контролираат исполнувањето на планот.
Американскиот претседател говорејќи вчера за глобалната финансиска криза, истакна дека Америка мора да ја заштити својата економија. Тој нагласи дека интервенција на федералните власти на финансиските пазари била неопходна.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град