Дек 21, 2009

Кире Лазаров спортист на годината

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија Кире Лазаров е прогласен за спортист на годината и за најуспешен спортист во странство на манифестацијата „Спортски оскар 2009“, што синоќа се одржа во салата „Борис Трајковски во Скопје. Лазаров до признанијата стигна по освојување на 11-то место на Светското првенство и победата во категоријата најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со 92 гола и одличните настапи во дресот на Кроација Осигурање во Лигата на шампионите. Конкуренти за наградата му беа пливачот Томи Стефановски и боксерот Примислав Димовски. За најуспешна с…

Дек 18, 2009

Ждреб за 1/8 финале на Лигата на Шампионит

Денеска во централата на УЕФА во Нион со ждрепка ќе бидат извечени 1/8 финалните натпревари од Лигата на Шампионите.Како што е познато 16 тимови успеаа да обезбедат продолжување на шампионските мечти после првата фаза т.е фазата по групи во Лигата на Шампионите.На денешниот ждреб тие 16 екипи се поделени во два барабани, носители и неносители. Носителите се победниците на сите 8 групи додека пак второпласираните се сместени во неносители.Колку за појаснување, ждребот е полуделегиран при што неможе во осмина-финалето да се сретнат два тима од иста група или пак два тима од иста држава.ТИмови…

Дек 18, 2009

Маса повторно ќе се тестира со Ф2007

Фелипе Маса повторно ќе седне во шампионскиот болид Ф2007. Бразилецот имал желба сезоната да ја заврши со уште еден тест со болид на Ферари, а тимот од Маранело му излезе в пресрет и му дозволи да има уште една проба со нивниот болид. Не е точно прецизирано кој ден ќе се одржи тестот, но познато е дека на располагање ќе биде шампионскиот болид од 2007 година опремен со специјални гуми.Тестот веројатно ќе се одржи на патеката Муџело, но најголем проблем е дождот кој ќе биде присутен во таа област деновиве. Разговорот со претпоставените се одржал за време на Божиќниот фестивал во Маранело, ка…

Дек 17, 2009

Капело задоволен од „враќањето“ на Овен

Англискиот фудбалски стратег Фабио Капело изрази радоста што Мајкл Овен, во тимот на актуелниот шампион Манчестер Јунајтед, повторно игра како некогаш.На Капело посебно го израдува играта на Овен во дресот на Јунајтед на натпреварот од последното коло по групи во Лигата на Шампионите кога ги постигна сите три погодоци во победата на гости кај Волфзбург од 3:1.„Го гледав мечот на телевизија и бев навистина задоволен што можам да го видам навистина расположениот Овен. Но, наскоро моето одушевување спласна бидејќи беше на клупата во наредното премиерлигашко коло. Не разбирам зошто завршил таму…

Дек 17, 2009

Македонија на 65-тото место на рејтинг листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација 2009 година ја завршува на 65 место на листата на Светската фудбалска асоцијација – ФИФА.  На последното бодување за оваа година објавено денеска, Македонија со 4 освоени поени стигна до бројката 495, што и овозможи подобрување за едно место во споредба со ноемвриското  рангирање.На првите десет позиции на ФИФА листата нема промени. Шпанија останува на врвот а по неа следуваат, Бразил, Холандија, Италија, Португалија, Германија, Франција, Аргентина, Англија, Хрватска.{loadposition content9}

Дек 16, 2009

Манчестер Јунајтед го сака Џеко

На изјавата на потпретседателот на Милан Адриано Галијани дека во зимскиот преоден рок нема да се потруди да го доведе Един Џеко се надоврза англиски „Дејли Мејл“ со тврдењето дека „пол-позицијата“ во трката за услугите на босанецот сега ја има Манчестер Јунајтед.Напаѓачот на Волфзбург и БиХ долго време е мета на бројни светски клубови, а се веруваше дека неговата следна дестинација ќе биде италијанскиот фудбалски гигант.Сепак, Галијани во понеделникот изјави дека клубот од Сан Сиро во овој момент не размислува за Џеко, туку за некој друг профил на играч.„Босанскиот 23-годишен интернационал…

Дек 16, 2009

Мурињо се соочува со отказ

Според најновото издание на „Тутоспорт“, на менаџерот на Интер Жозе Мурињо го чека тешка санкција од страна на италијанскиот фудбалски сојуз поради физичка пресметка и навреда кон новинарот на „Кориере део Спорт“ Андре Рамацоти, а малку веројатно е и дека ќе остане на клупата на својот тим.Изнервираниот португалски тренер по саботниот дуел против Аталанта (1:1) во Бергамо на натпреварот од 16-то коло влезе во конфликт со Рамацоти.Мурињо се навреди на неговото прашање, па вербално го навреди новинарот нарекувајќи го меѓу останатото и со „куч..н син“, а потоа и физички се пресмета, со што ја …

Дек 15, 2009

Жрепка за Светското првенство во кошарка

Жрепката за Светското првенство во кошарка, што наредната година ќе се игра во Турција, ќе биде одржана во вторник.Како носители на групите во жрепката се назначени репрезентациите на САД, Аргентина, Шпанија и Грција.Во вториот шешир се назначени репрезентациите на Србија, Словенија, Франција и домаќинот Турција.Репрезентациите на Бразил, Порторико, Канада и Австралија се во третиот шешир, а репрезентациите на Хрватска, Русија, Литванија и Германија во четвртиот.Во петтиот шешир ќе бидат Нов Зеланд, Кина, Иран и Ангола, а во најслабиот шешир се репрезентациите на Јордан, Либан, Тунис и Брег…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top