Капело задоволен од „враќањето“ на Овен

Англискиот фудбалски стратег Фабио Капело изрази радоста што Мајкл Овен, во тимот на актуелниот шампион Манчестер Јунајтед, повторно игра како некогаш.

 |  Голабовски Крсте  | 
Majkl Oven
Мајкл Овен

Англискиот фудбалски стратег Фабио Капело изрази радоста што Мајкл Овен, во тимот на актуелниот шампион Манчестер Јунајтед, повторно игра како некогаш.

Majkl OvenНа Капело посебно го израдува играта на Овен во дресот на Јунајтед на натпреварот од последното коло по групи во Лигата на Шампионите кога ги постигна сите три погодоци во победата на гости кај Волфзбург од 3:1.

„Го гледав мечот на телевизија и бев навистина задоволен што можам да го видам навистина расположениот Овен. Но, наскоро моето одушевување спласна бидејќи беше на клупата во наредното премиерлигашко коло. Не разбирам зошто завршил таму ако толку добро играше против Волфзбург. Руни игра секојдневно, а Овен преретко и затоа не знам што да мислам за него.“ – изјави Капело и продолжи:

„Ован покажа што може, но ако мисли да дојде во кадарот на репрезентацијата за Светското првенство мора да игра почесто. Вака сепак тешко е да се заклучи колку е физички подготвен за тимот на југот од Африка.“ – заклучи италијанскиот стратег.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top