Кире Лазаров спортист на годината

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија Кире Лазаров е прогласен за спортист на годината и за најуспешен спортист во странство на манифестацијата „Спортски оскар 2009“, што синоќа се одржа во салата „Борис Трајковски во Скопје.

 |  Голабовски Крсте  | 
Kire Lazarov
Кире Лазаров

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија Кире Лазаров е прогласен за спортист на годината и за најуспешен спортист во странство на манифестацијата „Спортски оскар 2009“, што синоќа се одржа во салата „Борис Трајковски во Скопје.

Kire LazarovЛазаров до признанијата стигна по освојување на 11-то место на Светското првенство и победата во категоријата најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со 92 гола и одличните настапи во дресот на Кроација Осигурање во Лигата на шампионите. Конкуренти за наградата му беа пливачот Томи Стефановски и боксерот Примислав Димовски.
За најуспешна спортистка на годината е прогласена каратистката Наташа Илиевска.
Организаторите, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации, спортски оскари им доделија и на најдобрите спортисти од разни категории:
Андреј Стојановски – спортист со телесен инвалидитет.
ОУ „Крсте Мисирков“ Гази баба – најдобра спортска екипа кај основните училишта.
Средното Економско Училиште од Гостивар – најдобра екипа кај средните училишта.
Берат Јакупи (карате) – млад спортист на Македонија.
Наташа Андонова (фудбал) – млада спортистка на Македонија.
Кошаркарската репрезентација на Македонија – најдобра машка репрезентација.
Ракометна репрезентација на Македонија – најдобра женска репрезентација.
Илија Темелковски (ракомет) – најдобар тренер/селектор.
Ракометна федерација на Македонија – најуспешна федерација.
Љупчо Неделковски постхумно (кик-бокс) – Спортски оскар за животно дело.
Специјален Оскар од АМС – за навивачите на Македонија кои ги бодреа нашите спортисти на СП во Хрватска во ракомет и ЕП во кошарка во Полска.
Специјални награди од АМС добија фудбалерот Артим Шаќири и кошаркарот Врбица Стефанов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top