Фев 13, 2010

Трагедија на ОИ: Грузијски санкач загина на најбрзата патека на светот

Грузијскиот санкач Нодар Кумариташвили беше пренесен во болница откако со брзина од 144км/час удри во заштитната ограда за време на тренингот во Whistler пред почетокот на ЗОИ. За жал им подлегна на повредите.Брзата помош му даде вештачко дишење и масажа на срцето на самото место на несреќата а потоа со хиликоптер беше префрлен во болница. Тренингот беше прекинат а грузијскиот спортист почина од здобиените повреди на главата.Санкачката патека во Ванкувер се смета за најбрза на светот, а некои олимпијци и пред оваа несреќа ја доведуваа во прашање нејзината сигурност бидејќи повеќе од десет с…

Сеп 3, 2017

Историски успех на ракометарите на Охрид

Ракометарите на Охрид си приредија мала историја, пласирајќи се во 2. коло од ЕХФ-купот и тоа во својот дебитантски излез во Европа.Охриѓани го елиминираа холандски Волендам дури во последната минута од двомечот во „Билјанини извори“, со победа од 24-23. Одеа по работ во завршните десет минути од реваншот, но успеаја да слават по вчерашните 24-24 најмногу благодарение на голманот Благојче Трајковски.Тој се испречи кога Волендам тргна во налет и ја стопи предноста од четири гола (20-16) и во 52. минута изедначи на 20-20. Се играше гол за гол, а Холанѓаните имаа и шанси за водство, но Трајков…

Фев 13, 2010

Пандев со Интер в недела гостува кај Наполи

Колото ќе биде отворено вечерва во 20 часот и 45 минути со натпреварот меѓу Милан и Удинезе. Овој натпревар се игра порано со цел Милан да има два дена повеќе за подготовка пред дуелот од Лигата на шампионите во вторник против Манчестер Јунајтед.Другите двојки од ова рунда се: (сабота) Рома – Палермо и Сампдорија – Фиорентина. В недела играат: Катанија – Аталанта, Каљари – Бари, Ливорно – Болоња, Јувентус – Џенова, Парма – Лацио и Киево – Сиена.Табела:Интер 53 бодови, Рома 44, Милан 42, Наполи 38, Палермо 37,…{loadposition content}

Фев 12, 2010

Вечерва почнува снежното лудило

Дваесет и првите Зимски олимписки игри во Ванкувер, Канада, започнуваат денеска. На игрите кои ќе траат до 28 февруари ќе учествуваат 5.500 натпреварувачи од околу 80 земји во 15 спортови. На оваа олимпијада Македонија ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи. Алпинецот Антонио Ристевски и нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска. Норма во биатлон имаше исполнето и Ѓорѓи Ицовски, но тој отпадна, поради слабиот рејтинг на македонскиот зимски спорт. Најголеми фаворити за освојување на медали се натпреварувачите од Германија, САД и Австрија. Свеченото отворање на ЗОИ ќе почне во 19 часот…

Фев 12, 2010

Мурињо е опасен играч

Жозе Мурињо полека ја подгрева атмосферата пред дуелите меѓу Интер и Челзи во осмина финалето од Лигата на Шампионите.Шармантниот стратег смета дека Челзи е еден од најдобрите тимови на светот, но вели дека на “Стемфорд Бриџ” и понатаму работат на неговиот рецепт. Мурињо додава дека четирите тренери по неговото заминување не успеаа да внесат значајни промени во лондонскиот тим.„Челзи е еден од најдобрите тимови во светот моментално, но во клубот сеуште работаат врз основа на мојот модел,“ – провоцира Мурињо.„Загревањето е исто како и кога јас бев тренер. Поставувањето при прекин е исто така…

Фев 11, 2010

Челзи го испрати Џон Тери на одмор

По лошо одиграниот натпревар со Евертон во вчерашниот двобој од 26-тото коло на Премиерлигата,тренерот на Челзи, Карло Ангелоти му даде на капитенот Џон Тери,неколку слободни денови.Тери нема да игра во двобојот во сабота со Кардиф  Сити на Стамфорд Бриџ.Неуверливото издание на Тери придонесе евертон да победи со 2:1. Тоа беше првиот лош натпревар на Тери по приватниот скандал кој го снајде, а се однесува на неговата афера со поранешната девојка на својот некогашен соиграч и пријател Вејн Бриџ.“Џон не е непогрешлив. Ќе ги губи дуелите и ќе го надскокуваат другите фудбалери”-изјави помошнико…

Фев 11, 2010

Бод за Интер на гостувањето кај Парма

Во одложениот натпревар од 22. коло (поради снег) од Серија А, синоќа во Парма фудбалерите на истоимената домашна екипа одигра нерешено со лидерот на табелата Интер 1:1.Ова беше седми натпревар по ред без победа за Парма. Интер со освоениот бод ја зголеми предноста пред второпласираната екипа на табелата, Рома на девет бодови.Парма поведе со голот на Валериј Божинов во 55 минута, а само пет минути подоцна Интер изедначи преку Марио Балотели. Горан Пандев го одигра целиот натпревар.Интер е на чело на табелата со 53 бодови, Рома има 44, Милан е трет со 42, следуваат Наполи 38, Палермо 37……..

Фев 10, 2010

Рен елиминиран од „аматери“ во Купот на Франција

Поразот на Рен од аматерскиот тим Кјувил, како и елиминацијата на минатогодишниот освојувач на Купот на Франција, Генгамп го одбележаа осминафиналето на ова натпреварување. Токму Рен беше вториот финалист во ланското издание на купот.Сошо и ПСЖ имаа успешни гостувања и се пласираа во четвртфиналето.Постигнати резултати на вчерашните натпревари во Францускиот фудбалски куп: Кјувил – Рен 1:0, Булоњ – Генгамп 1:0, Весул – ПСЖ 0:1 и Бове – Сошо 1:4.Вечерва се играат уште три натпревари од осминафиналето, во кои се среќаваат: Оксер – Плабенек, Сент Етиен – Вен и Бордо – Монако, како и два заоста…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top