Мурињо е опасен играч

Жозе Мурињо полека ја подгрева атмосферата пред дуелите меѓу Интер и Челзи во осмина финалето од Лигата на Шампионите.

 |  Крсте Голабовски  | 
murinjo
Мурињо

Жозе Мурињо полека ја подгрева атмосферата пред дуелите меѓу Интер и Челзи во осмина финалето од Лигата на Шампионите.

Jose MurighnoШармантниот стратег смета дека Челзи е еден од најдобрите тимови на светот, но вели дека на “Стемфорд Бриџ” и понатаму работат на неговиот рецепт. Мурињо додава дека четирите тренери по неговото заминување не успеаа да внесат значајни промени во лондонскиот тим.

„Челзи е еден од најдобрите тимови во светот моментално, но во клубот сеуште работаат врз основа на мојот модел,“ – провоцира Мурињо.

„Загревањето е исто како и кога јас бев тренер. Поставувањето при прекин е исто така потполно исто. Понекогаш играат 4-4-2, а некогаш 4-3-3, а тоа се формации кои најмногу ги практикував при мојот мандат.” – додаде португалецот.

Сепак, тренерот на нашиот интернационалец Горан Пандев, признава дека Анчелоти е голем стратег, но и дека нема да успее да изненади во претстојните дуели.

„Анчелоти е многу добар тренер и тој разбира што им одговара најмногу на играчите. Наместо потполни измени, тој само малку го доработи мојот систем, кој веќе даваше резултати.“

„Затоа Челзи е еден од најдобрите тимови на светот. Кога ќе го погледнам моменталниот тим само Ивановиќ и Анелка не се од мојот период.“

„Сите останати ги тренирав па затоа мислам дека не можат да ме изненадат, бидејќи ги познавам поединечно, но исто така и тие ме познаваат и мене.” – заклучува тој.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top