Фев 23, 2010

Пандев и Интер го пречекуваат Челзи

Преостанатите четири меча од осмина финалето во Лигата на Шампионите се играат во вторник и среда, а дерби без сомнеж е дуелот меѓу Интер и Челзи, екипите кои водат во националните шампионати на Италија и Англија и кои имаат највисоки амбиции и во елитното натпреварување.Ќе биде тоа дуел на сегашната и поранешната екипа на Жозе Мурињо, но и вистинска проверка на формата на македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Интер последните години немаше многу успех на европска сцена и по секоја цена ќе се обиде да дојде до успех, но лондонскиот клуб е еден од најголемите кандидати да стигне до троф…

Фев 22, 2010

Фудбалерите му го вртат грбот на Манчини

Италијанскиот стручњак Роберто Манчини, најверојатно, на крајот од оваа сезона принудно ќе го прекине договорот со Манчестер Сити поради се пожестокиот бунт од главните фудбалери.Пред два месеци тој потпиша на 3,5 години, но во договорот има опција за прекинување на соработката на крајот од оваа сезона ако една од страните не е задоволна. Раководството на клубот може да ја активира оваа клаузула ако Сити не успее да се пласира во Лигата на шампионите, што беше главната причина за ангажирање на Манчини.Англиските медиуми тврдат дека главните фудбалери во екипата секојдневно се во конфликт со…

Фев 20, 2010

Свиндал најбрз на машкиот супервелеслалом на ЗОИ во Ванкувер

Норвешка ја потврди доминацијата во супервелеслаломот на Зимските Олимписки игри откако синоќа Аксел Лунд Свиндал го освои златниот медал и го наследи Кјетил Андре Омот, двократниот олимписки шампион. И Американците повторно имаа радосни моменти откако Боде Милер ја освои втората позиција, а изненадување направи Ендрју Вајбрехт со третото место.Полека и нордијците на Норвешка излегуваат од кризата. Марит Бјерген по осмиот ден е најуспешната на Игрите со три медали – две златни. Бјерген на крос кантри трката 15 километри пурсуит (7,5 километри класично + 7,5 километри слободно) ја задржа пре…

Фев 20, 2010

Пелегрини: Ние сме најдобриот Реал Мадрид во последните 15 год.

„Ние сме најдобриот Реал Мадрид ов последните 15 години во секој аспект“, категоричен беше чилеанскиот стратег. Инжинерот со лесна рака го одпиша првиот галактико на Раул, Фиго, Зидан, Бекам и Роберто Карлос кој што беше изграден пред неколку години.„Во сите натпревари како гости во Лигата на Шампионите и во Примера одиме на победа од првата минута. Така направивме и во Лион“, со самодоверба изјави јужноамериканскиот стратег.„Патот е истиот, ние сме тим победник, тим кој постигнува многу погодоци и има убава игра. Имено поради тоа до сега победивме на сите натпревари на Бернабе во Примера. …

Фев 19, 2010

Овребо: Што да кажам, многу погрешив

Норвешкиот судија Том Хенинг Овребо призна дека направил голема грешка на првиот дуел од осминафиналето во Лигата на Шмапионите помеѓу Баерн Минхен и Фиорентина кој се одигра во Минхен.Баерн на тој дуел победи со 2:1, а до победоносниот гол дојдоа во 89-та минута кога Ивица Олич му асистираше на Мирослав Клосе. Но во тие моменти германскиот репрезентативен напаѓач беше во многу голем офсајд кога не реагираа ниту главниот ниту помошниот судија.Ден подоцна поради големиот превид се огласи и самиот норвешки судија. “Ја погледнав снимката по натпреварот и немам што да кажам во своја одбрана.Пог…

Фев 18, 2010

70 милиони фунти за засилувања во летниот преоден рок

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович подготвил сума од 70 милиони фунти, со кои ќе располага тренерот Карло Анчелоти за ангажирање на нови засилувања во летниот преоден рок.Весникот „Деили Меил” информира дека откако беше симната забраната за ангажирање на фудбалери, управата на Челзи решила да се купат неколку млади и талентирани играчи, со кои ќе почне подмладувањето на тимот од “Стемфорд Бриџ”. Френк Лапмард, Дидие Дрогба и Рикардо Карваљо се на возраст од 31 година, Балак и Белети имаат по 33 години, а Деко 32 години, што значи дека наскоро ќе мора да го напуштат тимот од Лондон.{load…

Фев 18, 2010

Линдзи Вон стана олимписка шампионка во спуст

Најголемата фаворитка за освојување на златниот медал во Ванкувер на Зимските олимписки игри Американката Линдзи Вон не дозволи изненадување и триумфираше на спуст патеката во „Вистлер центарот“.Така Вон покрај светска шампионка во спуст стана и олимписка, што е и прв златен медал за САД во спуст за жени (на сите досега одржани Олимписки игри). За убедлив триумф на Американките се погрижи Џулија Манкузо со освојувањето на среброто, додека Елизабет Гергл од Австрија заврши како трета.На крос кантри патеката на шестиот ден од Игрите беа спринтерските трки. Кај мажите во фото-финишот во еден-д…

Фев 17, 2010

Милан изгуби на домашен терен во ЛШ

Англискиот шампион беше надигран на ‘Сан Сиро’, но и покрај тоа ја сруши традицијата и за прв пат славеше во дуелот со Милан на италијанско тло. “Росоњерите” доминираа во поголемиот дел од мечот, но им недостасуваше завршниот удар. На другата страна, “црвените ѓаволи” среќно стигнаа до изедначување по ‘ненамерниот’ гол на Сколс, за во второто полувреме Руни да круниса два контранапади на својот тим за убедливи 3:1. Надежта на Миланезите им ја врати Сидорф, кој во 85-та минута го постави конечниот резултат. За разлика од Манчестер Јунајтед, Реал не можеше против традицијата, па “Жерлан” ост…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top