Пелегрини: Ние сме најдобриот Реал Мадрид во последните 15 год.

Завидна самодоверба и верба во силата на тимот покажува тренерот на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини во интервјуто за клубската телевизија на Лос бланкос.

 |  Маја Савиќ  | 
Pelegrini
Пелегрини

Pelegrini„Ние сме најдобриот Реал Мадрид ов последните 15 години во секој аспект“, категоричен беше чилеанскиот стратег. Инжинерот со лесна рака го одпиша првиот галактико на Раул, Фиго, Зидан, Бекам и Роберто Карлос кој што беше изграден пред неколку години.

„Во сите натпревари како гости во Лигата на Шампионите и во Примера одиме на победа од првата минута. Така направивме и во Лион“, со самодоверба изјави јужноамериканскиот стратег.

„Патот е истиот, ние сме тим победник, тим кој постигнува многу погодоци и има убава игра. Имено поради тоа до сега победивме на сите натпревари на Бернабе во Примера. Имаме просечно по 3,5 постигнати погодоци по натпревар“, се пофали Пелегрини.

„Доколку ја погледнеме историјата на клубот ќе видиме дека во последните 6 години се сменија седум или осум тренери. Тимот не може да ја помина осминафиналната фаза од Лигат ана шампионите пет години по ред, а освои само две од 15 трофеи за кои што војуваше“, дополни Пелегрини.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top