Мај 11, 2010

Милијарда кондоми и 40.000 проститутки за Светското првенство

Јасно е дека Светското првенство во фудбал е за порно индустријата исто што и летен распуст за продавниците за слатки.Таксистите, угостителите, хотелиерите и проститутките се спремни да ги пречекаат возбудените и еуфоричните луѓе кои чувствуваат колективна радост и спремни се да потрошат и повеќе од планираното, се во име на добрата забава.Првичните проценки се дека Јужноафриканската република ќе ја посетата околу половина милион гости, генерално мажи.Таксистите од Кејптаун освен што ве носат од аеродром до саканата дестинација, нудат и „црвени тури“ за кои се надеваат дека ќе бидат хит меѓ…

Мај 10, 2010

Фудбалерите навиваа за кошаркарите

Фудбалерите на Барселона од трибините ги бодреа новите европски шампиони.Дека спортското друштво Барселона се држи заедно докажаа и петмина фудбалери на шпанскиот клуб кои го следеа во живо од трибините вчерашниот финален натпревар во Евролигата.Карлес Пујол, Чави Хернандез, Бојан Кркиќ, Жерард Пике, и Сержо Бускетс беа на трибините во салата во Париз помеѓу 15 000 љубители на кошарката и ги бодреа кошаркарите на Барселона во натпреварот за европската шампионска  титула.Барселона со леснотија го победи Олимпијакос (86-68) и ја освои својата втора титула во Евролигата.{loadposition content9}

Мај 8, 2010

Вистински почеток на сезоната

Ф-1 циркус, конечно, пристигна во Европа и многумина возачи ја гледаат утрешната трка за Големата награда на Шпанија како вистински почеток на сезоната. Тимовите добија три недели пауза од последната трка во Кина, но доцнеа со преместувањето во Европа, а со тоа и со надградувањето на своите болиди, поради вулканскиот облак кој го парализираше авиосообраќајот.- Едвај го чекам враќањето во Европа. Имавме неколку возбудливи трки на други континенти, но мислам дека сите во Ф-1 сакаат да возат поблиску до дома, во срцето на овој спорт – вели актуелниот шампион и лидер во првенството Џенсон Батон…

Мај 7, 2010

Допри ме нежно

На фотографијата која ја објавија речиси сите шпански и италијански медиуми се гледа како Ибрахимовиќ го допира Пике нежно. Навивачите на Барселона се во шок, пишуваат медиумите во Каталонија.Фудбалерот на Барселона Жерард Пике неодмана беше прогласен за најсекси маж во Каталонија. Медиумите во Шпанија после проверките потврдуваат дека станува збор за автентична фотографија, а не фотомонтажа.{loadposition content9}

Мај 6, 2010

Мурињо: Првиот сон стана реалност; сега на ред се другите два трофеи

По победата од 1-0 на Рома во финалето од Купот на Италија, Интер стигна до првиот трофеј оваа сезона и ги задржа шансите да стигна до историската тројна титула.Погодокот на Диего Милито беше доволен за Интер да го подигне пехарот на Олимпико во натпревар на кој имаше голема тензија и бурна завршница.“Ова беше многу тежок натпревар од самиот стар бидејќи го загубивме Снајдер.” – рече Мурињо.“Во текот на сите 90 минути гледавме агресивен, интензивен и грд натпревар. Постигнавме погодок и потоа го контролиравме натпреварот, Жулио Цесар беше на висината на задачата во моментите на опасност.”Фр…

Мај 5, 2010

Интер тргнува кон историски успех во Италија

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев, денеска ќе го брани ланскиот освоен пехар во Купот на Италија, и ќе тргне во атак со Интер кон три трофеи во оваа сезона Интер против Рома, петти пат во последните шест години играат финале на Купот, но сега во тензична атмосфера поради контроверзното неделно дерби на Интер со Лацио на „Олимпико“. Рома атакува на јубилејниот и веројатно најслаткиот, десетти трофеј, затоа што со победа ќе докажат дека се подобри од Интер, оти во досегашните два меча имаат 1-1 и победа од 2-1.Интер ќе ја брка шестата круна во Купот за да остане во игра за три трофеи,…

Мај 4, 2010

Најчудниот тениски меч на годината

Вчера се одигра најчудниот тениски меч на годината помеѓу Швајцарката Пети Шнајдер и Аргентинката Жизела Дулко во првото коло на јакиот WTA турнир во Рим на земјена подлога.Со оглед на тоа колкаво е влијанието на обложувачката мафија во тенисот во последниве две три години, мечот Шнајдер-Дулко може да послужи како школски пример.За два часа и 37 минути се случија толку многу пресврти што можеме само да си пофантазираме колку се смениле коефициентите во кладилниците и колку некој заработил.Шнајдер имаше сигурни 5:0 во третиот сет но и целосно изгубена противничка на другата страна. Но во тој…

Мај 3, 2010

Македонските ватерполисти се пласираа на ЕП во Хрватска

Грција ја победи Франција со 14-7 и не се коцкаше со сопственото реноме, да си дозволи да им пушти на „триколорите“, само за да ја исфрлат Македонија од ново учество на ЕП. Вакво стравување имаше поради нашите односи со јужниот сосед, но тој спортски покажа фер-плеј и својата фаворитска улога си ја потврди во базенот во Волос.Македонија ја победи Словенија пред овој меч со 7-4 и ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир, па се остана во раце на јужните соседи. Во случај да победеше Франција, ќе се направеше група од три селекции со ист скор, во кој Македонија ќе имаше најслаба г…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top