Интер тргнува кон историски успех во Италија

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев, денеска ќе го брани ланскиот освоен пехар во Купот на Италија, и ќе тргне во атак со Интер кон три трофеи во оваа сезона.

 |  Маја Савиќ  | 
inter pandev
интер пандев

inter pandevМакедонскиот репрезентативец Горан Пандев, денеска ќе го брани ланскиот освоен пехар во Купот на Италија, и ќе тргне во атак со Интер кон три трофеи во оваа сезона

Интер против Рома, петти пат во последните шест години играат финале на Купот, но сега во тензична атмосфера поради контроверзното неделно дерби на Интер со Лацио на „Олимпико“. Рома атакува на јубилејниот и веројатно најслаткиот, десетти трофеј, затоа што со победа ќе докажат дека се подобри од Интер, оти во досегашните два меча имаат 1-1 и победа од 2-1.

Интер ќе ја брка шестата круна во Купот за да остане во игра за три трофеи, нешто што ниту еден клуб во Италоија го нема остварено. Интер по ова финале, ќе брка две победи во Серија А за петто скудето по ред, а на 22 мај игра против Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите.

Според најавите, Пандев треба да биде дел од финалето и да се бори за одбрана на пехарот, кој лани го освои со Лацио. Македонскиот фудбалер закрепнал од повредата на мускулот и истегнувањето на задната ложа, поради која во последен момент испадна од мечот со Барселона минатата среда, а ја прескокна и промоцијата во новиот дрес пред навивачите на Лацио во неделата.

Финалето како што беше најавено во Италија првпат ќе се пренесува во 3Д технологија.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top