• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Мурињо: Првиот сон стана реалност; сега на ред се другите два трофеи

Мурињо: Првиот сон стана реалност; сега на ред се другите два трофеи

По победата од 1-0 на Рома во финалето од Купот на Италија, Интер стигна до првиот трофеј оваа сезона и ги задржа шансите да стигна до историската тројна титула.

 |  Маја Савиќ  | 
murinjo
мурињо

murinjo peharПо победата од 1-0 на Рома во финалето од Купот на Италија, Интер стигна до првиот трофеј оваа сезона и ги задржа шансите да стигна до историската тројна титула.

Погодокот на Диего Милито беше доволен за Интер да го подигне пехарот на Олимпико во натпревар на кој имаше голема тензија и бурна завршница.

“Ова беше многу тежок натпревар од самиот стар бидејќи го загубивме Снајдер.” – рече Мурињо.

“Во текот на сите 90 минути гледавме агресивен, интензивен и грд натпревар. Постигнавме погодок и потоа го контролиравме натпреварот, Жулио Цесар беше на висината на задачата во моментите на опасност.”

Франческо Тоти во завршните минути доби црвен картон за страшниот удар од зад грб во ногата на Марио Балотели, а по последниот свиреж на судијата во дуел влегоа и Сулеј Мунтари и Родриго Тадеи по што настана мал хаос на теренот.

“Играчите на Рома потоа го загубија малку разумот откако увидоа дека не можат да направат ништо повеќе. Тоти поточно е тој што го загуби разумот. Во тој период, натпреварот беше завршен.”

По победата над Барселона, Мурињо ги повика фанвоите да ги пречекаат играчите на аеродромот во Милано но не го побара тоа после освоениот прв трофеј оваа сезона.

“За разлика од дуелот со Барселона, сега нема да ги повикам фановите да не чекаат на аеродромот. На овие луѓе им треба одмор!”

“Сега пред нас се три натпревари по кои можеме да освоиме два трофеи.”

“Првиот сон стана реалност. Интер е тимот на овој момент. Ни оди одлично. Сега ќе се бориме да освоиме уште две нови титули и да оствариме уште два сона.”

“Сега можам да кажам дека ги имам освоено сите трофеи во Португалија, Англија и Италија. Лигата на Шампионите? Тоа е убав сон.”

Медиумите повторно го запрашаа ’Специјалниот’ за неговата иднина и Мурињо повторно не потврди дека сигурно останува на Џузепе Меаца следната сезона.

“Интер се промени. Тие имаат огромен скок во перформансите. Сега тие можат да менуваат тренери да менуваат играчи, но самиот тим има голема промена.”

“Дали има шанса јас да останам? Секако дека има.”
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top