Најдобрите македонски кошаркари ќе бидат дел од следната фаза на Европското првенство во Литванија, откако во дуелот со Финска ја остварија и третата победа во низа, овој пат со конечни 72:70.Уште еднаш, Лестер Бо Мекејлеб со 18 поени беше наш најефикасен играч, а неговите две слободни во самиот финиш ни ја донесоа и победата. Покрај него, Војдан Стојановски со 16 поени и Перо Антиќ со дабл-дабл од 14 поени и дури 19 скокови се одвоија од остатокот на тимот и му беа одлична поддршка на натурализираниот Македонец.Финците, како и на претходните средби, имаа избалансиран напад, па така не изне…
Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа втората победа во групата Ц, откако со 72:58 ја совлада репрезентацијата на Грција. Позицијата ни е одлична ќе ни треба уште еден триумф утре против Финска и в понеделник против Босна за пласман во главната групна фаза на Европското во Литванија.
Победата на македонската репрезентација беше прославена во Охрид. Веднаш по завршувањето на натпреварот охриѓани прославуваа по главните градски улици. Им честитаме на нашите репрезентативци.
Седум екипи поделени во две групи ќе се натпреваруваат на 39-тиот меѓународен ракометен турнир, “СТРУГА 2011“ што започнува денеска во градот на охридското крајбрежје.Турнирот ќе се одржи од 24 – 27 август на отвореното ракометно игралиште во Струга, јави Охридњуз.Овогодишното 39 – то издание на струшки турнир повторно ќе биде од меѓународен карактер со што ќе се задржи квалитетот на турнирот.Во првата група ќе бидат бранителот на трофејот и десеткратниот првак Пелистер, Металург Јуниор и српскиот Обилиќ. Во втората група ќе играат домаќинот Струга, бугарскиот Спартак од Варна, Борец од Ве…
ЈП „Билјанини Извори“ успешно ја продолжува соработката со Српската агенција Спорт плус од Белград која е специјализирана за организација на спортски турнири и припреми.
Имено од 02.02. до 02.03. 2020 година Охрид и СРЦ “Билјанини Извори” се домаќини на три фудбалски клубови, ФК Црвена Звезда, ФК Вождовац и ФК Графичар со повеќе од 200 фудбалери генерација 2004 и 2005. Покрај организираните припреми фудбалските тимови ќе одиграат и неколку подготвителни натпревари со наши генерациски соодветни фудбалски клубови и школи. СРЦ “Билјанини Извори” во 2020 година во континуитет е домаќин на фудб…
За младите активно да се занимаваат со било кој спорт, потребни се услови. Владо Вељаноски спортски новинар кој 15 години работи во Националната холандска телевизија и кој е оснивач на фондацијата,ВЛА-ДОБРО, вели дека спортот е една од најважните активности во животот. Но занимавањето со било кој спорт изискува услови.
„Па прво да кажам дека сум многу среќен зошто овие деца се уште многу посреќни од мене. Им благодарам на пријателите во Холандија, Рогиер ван ден Вехиер и Ерик ван дер Херст, кои ја донираа оваа опрема на мојата фондација ВЛА-ДОБРО“, вели Вељаноски.
Вељаноски, ВЛА-ДОБРО фод…
Македонските маратонски пливачки имиња се поблиску до самиот врв на маратонското пливање. На 25-то јубилејно издание на Охридскиот пливачки маратон, македонските натпреварувачи Томи Стефановски и Евгениј поп Ацев го освоија воторото и третото место. Врховниот судија на маратонот Соња Думбалова Делова истакна дека иако сме блиску до самиот врв на маратонското пливање потребно е уште работа. Доказ за тоа беше вчерашната трка кога на нашиот Томи Стефановски за малку му побегна првото место.
„Мојот впечаток беше зошто цело време пливачите пливаа во јато од 80-84 завеслаи во минута и беа секога…
Заврши jубилејното 25-то издание, на една од најстарите спортски манифестации во земјава, Охридскиот пливачки маратон. На резултатски план и натаму продолжува доминацијата на Петар Стојчев од Бугарија. Несовладливот бугарски маратонец, со испливано време од 5 часа, 25 минути и 13 секунди, стигнаа до својата рекордна десетта победа на патеката „Климе Савин“, која што се протега во должина од 30 километри од СветиНаум до Охрид. Одличен настап забележаа и најдобрите домашни претставници. Освојувачот на Ла Манж, Томи Стефановски се најде на втората позиција, чие што време изнесуваше 5:26:26. Са…
Во недела, во водите на Охридското Езеро, по 25. пат ќе се одржи меѓународниот Охридски пливачки маратон. Традиционалниот маратон, 9. и последен од Гран при серијата ’11 на ФИНА се одржува под покровителство на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.На патеката “Климе Савин”, од Св. Наум до Охрид, во должина од 30 км ќе се натпреваруваат вкупно 22 натпреварувачи од десет земји од светот и тоа 12 во машка и 10 во женска конкуренција. Прв на листата е деветкратниот победник Бугаринот Петар Стојчев, кој е водечки на светската ранг-листа, пред Италијанецот Андреа Волкпини.Охридскиот маратон чи…