Победа и против Финска

Македонските кошаркари ја остварија и третата победа на Евробаскетот во Литванија, совладувајќи ја Финска во крајно неизвесен натпревар со 72:70.

 |   | 

Најдобрите македонски кошаркари ќе бидат дел од следната фаза на Европското првенство во Литванија, откако во дуелот со Финска ја остварија и третата победа во низа, овој пат со конечни 72:70.

Уште еднаш, Лестер Бо Мекејлеб со 18 поени беше наш најефикасен играч, а неговите две слободни во самиот финиш ни ја донесоа и победата. Покрај него, Војдан Стојановски со 16 поени и Перо Антиќ со дабл-дабл од 14 поени и дури 19 скокови се одвоија од остатокот на тимот и му беа одлична поддршка на натурализираниот Македонец.
Финците, како и на претходните средби, имаа избалансиран напад, па така не изненадува податокот дека Копонен и Коивисто со по 11 поени беа нивни најефикасни играчи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top