Стојчев по титулата

Во недела, во водите на Охридското Езеро, по 25. пат ќе се одржи меѓународниот Охридски пливачки маратон. Традиционалниот маратон, 9. и последен од Гран при серијата ’11 на ФИНА се одржува под покровителство на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

 |  Маја Савиќ  | 
maraton
maraton

Во недела, во водите на Охридското Езеро, по 25. пат ќе се одржи меѓународниот Охридски пливачки маратон. Традиционалниот маратон, 9. и последен од Гран при серијата ’11 на ФИНА се одржува под покровителство на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

maratonНа патеката “Климе Савин”, од Св. Наум до Охрид, во должина од 30 км ќе се натпреваруваат вкупно 22 натпреварувачи од десет земји од светот и тоа 12 во машка и 10 во женска конкуренција. Прв на листата е деветкратниот победник Бугаринот Петар Стојчев, кој е водечки на светската ранг-листа, пред Италијанецот Андреа Волкпини.
Охридскиот маратон чиј фонд годинава изнесува 25000 САД се организра под покровителство на Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт, а во техничка организација на ПК “Охридски бранови” од Охрид.
По стартот кај Св. Наум”, кој е закажан за 12 часот, па до целта на градското пристаниште, маратонците ќе минат  низ вкупно 12 контролни точки. За регуларноста ќе се грижат 13 судии, а за безбедноста ангажирани се 7 глисери и 40 кајчиња, за следење и контрола.

ЛИСТА НА ПРИЈАВЕНИ НАТПРЕВАРУВАЧИ
МАЖИ
1. Александар Илиевски (Мкд)
2. Т. Стефановски (Мкд)
3. Евгениј Поп Ацев (Мкд)
4. Дејан Младеновски (Мкд)
5. Александар Панчевски (Мкд)
6. Петар Стојчев (Буг)
7. Стефан Јорданов (Буг)
8. Мауро С. Напа (Ита)
9. Рудолфо Валенти (Ита)
10. Андреа Волпини (Ита)
11. Гуљермо Бертола (Арг)
12. Иан ван Дер Хулст (Хол)
ЖЕНИ
13. Гељо Пилар (Арг)
14. Рита В. Гарсија (Арг)
15. Алесандра Ромити (Ита)
16. Николета Симонази (Ита)
17. Ауреле Коте (Кан)
18. Роника Кристи (Кан)
19. Марина Мело (Бра)
20. Естер Н. Морера (Шпа)
21. Карла Ситиќ (Хрв)
22. Ивана Ситиќ (Хрв)

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top