Јун 24, 2013

Валенда на јаже преку кањонот во Колорадо

Американецот Ник Валенда (34) уште еднаш го потврди епитетот „Крал на кањоните“, откако стана првиот човек што на јаже успеа да мине преку клисурата „Гранд Кањон“ за помалку од 23 минути.За време на подвигот, тој не користеше никаква заштитна опрема, освен стап за држење рамнотежа. Тој за 22 минути го мина Големиот кањон во Источна Аризона длабок 500 метри, чекорејќи по јаже дебело пет сантиметри и долго 400 метри. Валенда кој лани мина и над Нијагарините водопади, изјави дека за овој подвиг се подготвувал целиот живот. Со одење по јаже почнал на 4-годишна возраст и и припаѓа на седмата ген…

Јун 19, 2013

Колку вредат спортските пехари?

Вредноста на пехарот не им е важна на спортистите, тие мечтаат само да го подигнат и да го бакнат со што стануваат најдобри, но ние ќе ви ги претставиме нивните цени.Табелата ни нуди 4 трофеи од најпознатите американски спортови како и најголемиот спортски настан, Светското фудбалско првенство. Победниците на ова натпреварување до сега имале можност првиот трофеј да го подигнуваат од 1930 до 1970 година, но во 1974 италијанскиот скулптор Силвиа Газанига го дизајнирал новиот пехар кои први го подигнаа Германците, кои впрочем беа и домаќини на тој Мундијал.Оргиналот од најпрестижниот фудбалск…

Јун 18, 2013

Успех на струшките едриличари во Турција

Изминатиов викенд екипата на ЕК Снегар од Струга учествуваше на престижната меѓународна регата која се одржа во Текирдаг, Турција, притоа во конкуренција на околу 100 учесници на ова натпреварување, Ердал Лушо се закити со сребрен медал, Златески Златко го освои третото место во младинска конкуренција, додека најмладиот едриличар од нашата држава, 13-годишниот Симон Гучески го освои 30. место со што пријатно ја изненади управата на клубот и се етаблира како спортска надеж која допрва ке се реализира.Со ова меѓународно учество, ЕК Снегар, Струга ја продолжува активната спортската сезона која…

Јун 17, 2013

Триумф на македонските ракометари

Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Португалија од 26:19 успешно ги заврши квалификациите, обезбедувајќи учество на Европското првенство во Данска во 2014 година. Во натпреварот со решавачко значење за двете селекции Македонија ја надигра Португалија. Успех со овации поздравен во преполната сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Исклучително тешкиот квалификациски пат македонските ракометари го завршија обезбедувајќи ново учество на Европските првенства.Селекторот Ивица Обрван вели дека Македонија заслужи одново да биде дел од големата ракометна сцена: „Најтешки се ваквите на…

Јун 4, 2013

Одложен случајот „Писториус“

Случајот на параолимпиецот Оскар Писториус, кој е обвинет за убиство на својата девојка, со првото сослушување влезе во следна фаза. Судот, денеска (04.06), на барање на обвинителството, го одложи процесот до 19 август. Првото предсослушување во процесот „Писториус“ траеше кратко. Јавното обвинителство побара одложување на процесот за да може да продолжи со истрагата за убиството на Рива Стинкамп. Таа му беше девојка на Писториус и во ноќта меѓу 13 и 14 февруари оваа година беше убиена од страна на спортистот во неговата вила во предградие на Преторија. Јавното обвинителство го обвинува Пис…

Јун 4, 2013

НБА ветеранот Џејсон Кид во пензија

Досегашниот плејмејкер на Њујорк никс, во 19-годишната кариера настапуваше и за екипите на Феникс, Њу Џерси и Далас, со кој во 2011 година ја освои шампионската титула. Иако лани потпиша тригодишен договор со тимот од Големото јаболко, кошаркарската икона одлучи дека е дојдено вистинското време да се повлече.- Мојата кариера е навистина неверојатна. Кога почнував, не ни сонував дека ќе стасам до тука, и дека на крајот од кариерата ќе има ваков статус. Им благодарам на сите кои ме подржуваа, моето семејство, соиграчите и навивачите. Во текот на овие години настапував за четири тима и за сите…

Јун 3, 2013

100 милиони за Герет Бејл

За левото крило на премиерлигашот, ’кралскиот’ клуб е подготевн на лондонскиот клуб да му исплати 100 милиони евра, барем така пишува весникот „АС“, повикувајќи се на блиски извори од Англија.Покрај тоа, „извесно“ е дека во Реал ќе пристигне и Уругваецот Луис Суарез од Ливерпул, за 45 милиони евра.Доколку ваквите гласини се реализираат, офанзивниот квартет на Реал Мадрид Бејл-Суарез-Роналдо-Бензема ќе биде најскапиот квартет на светот, поради тоа што нивната финансиска вредност изнесува повеќе од четврт милијарда евра, или поточно 277 милиони евра!Со оглед на тоа дека Бразилецот Нејмар ќе и…

Мај 31, 2013

ЗОИ во Сочи ќе чинат 50 милијарди долари

Зимските Олимписки игри во Сочи ќе бидат фантастични, изјави претседателот на МОК Жак Рохкој, објавува „Независимаја газета“.Игрите ќе бидат фантастични и според авторите на критички настроен извештај претставен во весникот.Руските политичари од вонпарламентарната опозиција Борис Немцов и Леонид Мартинјук во документ за ОИ прават споредби со порано одржаните олимпијади.Според расходи од над 50 милијарди долари, Олимпијадата во Сочи ќе биде поскапа од трошоците за спортските објекти на сите досегашни зимски олимпијади – 21. Најголем дел од средствата се државни расходи. Станува јасно дека ду…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top