100 милиони за Герет Бејл

Доколку може да се верува на пишувањата на шпанските медиуми, Реал Мадрид ќе одвои речиси цело богатство за ангажман на Велашанецот Герет Бејл од Тотенхем.

 |  Голабовски Крсте  | 
geret bejl
герет бејл

За левото крило на премиерлигашот, ’кралскиот’ клуб е подготевн на лондонскиот клуб да му исплати 100 милиони евра, барем така пишува весникот „АС“, повикувајќи се на блиски извори од Англија.

geret bejlПокрај тоа, „извесно“ е дека во Реал ќе пристигне и Уругваецот Луис Суарез од Ливерпул, за 45 милиони евра.

Доколку ваквите гласини се реализираат, офанзивниот квартет на Реал Мадрид Бејл-Суарез-Роналдо-Бензема ќе биде најскапиот квартет на светот, поради тоа што нивната финансиска вредност изнесува повеќе од четврт милијарда евра, или поточно 277 милиони евра!

Со оглед на тоа дека Бразилецот Нејмар ќе игра во Барселона, заедно со официјално најдобриот играч на светот, Лионел Меси, ’кралевите’ се спремни што побрзо да одговорат на овој трансфер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top