Триумф на македонските ракометари

Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Португалија од 26:19 успешно ги заврши квалификациите, обезбедувајќи учество на Европското првенство во Данска во 2014 година.

 |  Голабовски Крсте  | 
rakometarite
ракометарите

Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Португалија од 26:19 успешно ги заврши квалификациите, обезбедувајќи учество на Европското првенство во Данска во 2014 година.

navivaciВо натпреварот со решавачко значење за двете селекции Македонија ја надигра Португалија. Успех со овации поздравен во преполната сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Исклучително тешкиот квалификациски пат македонските ракометари го завршија обезбедувајќи ново учество на Европските првенства.

Селекторот Ивица Обрван вели дека Македонија заслужи одново да биде дел од големата ракометна сцена: „Најтешки се ваквите натпревари кога победата е императив. Одигравме најдобро кога беше најпотребно. Имавме победнички карактер и во Цирих против Швајцарија и во Скопје против Португалија, потврдувајќи дека на Македонија и местото меѓу наjдобрите селекции во Европа. Имавме план во играта, го имавме феноменалниот Ристовски на голот и на крај се’ излезе добро со уверлива победа.“

Понесени од извонредниот амбиент, македонските ракометари трпeливо го градеа завршниот успех во квалификациите.

Борко Ристовски одново даде свој придонес во големиот успех. Македонскиот репрезентативен голман вели дека победата со 7 голови разлика не ја дава реална слика за случувањата во играта:

„Португалците беа тежок опонент. Постојано не притискаа. Со подеднаква желба за пласман на Европското првенство и тие влегоа во овој решавачки натпревар. Ова е крај на сезоната, не следеа неволји од здравствен карактер, имавме неколкумина повредени играчи. Во секој случај Македонија извојува голема победа во тешки услови“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top