„Велат се се учи додека си жив“. Една интересна приказна (сторија) ни доаѓа од НБА тимот, Бостон Селтикс, а е поврзана со нивниот член Брендон Бас.Бас веќе трета сезона ќе го носи дресот на Селтик, но интересно е тоа што досега тој нема научено да плива.28-годишниот кошаркар ова им го признал на медиумите во Бостон, а дека во следниот период ќе ја совлада оваа вештина покажува фактот дека тој веќе зема часови за пливање. Тој во петокот заедно со 10 деца од „Boys & Girls Club“ започнаа со почетните часови за пливање.- Мојот син (Brandon Bass Jr-6 години) е првиот во нашата фамилија што з…
Олимпискиот оган беше запален денес во Античка Олимпија во Грција, по што факелот го започна долгото патување до Сочи каде на 7. февруари ќе бидат отворени зимските Олимписки игри.Актери во костими од Античка Грција учествуваа во специјалната церемонија на палење на огнот, кој за прв пат во историјата ќе биде пренесен и во вселената.Гости на настанот беа новиот претседател на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, како и шефот на организацијата на Игрите во Сочи Дмитриј Чернишенко. Првиот носител на огнот беше 18-годишниот грчки скијач Јоанис Антониу. Тој го предаде факелот на 28-годишн…
Просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), изминатата ноќ биле ограбени. Грабежот бил пријавен утрово во 9 часот. Од СВР Скопје го потврдија случајот, од каде информираа дека непознат сторител, најверојатно во текот на изминатата ноќ, со насилно отворање на влезната врата, влегол во просториите на РФМ, кои се наоѓаат на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ и успеал да украде еден телевизор. СВР Скопје трага по сторителот или сторителите.{loadposition content9}
Претседателката на женската тениска асоцијација (ВТА),Трејси Аластер порача дека и дамите се подготвени да играат по пет сета како нивните машки колеги. Сепак, Аластер истакна дека за ва одлука ќе мораат да донесат организаторите на Грен Слем турнирите.”Жените се подготвени и имаат желба да играат пет сета, но тоа ќе мораат од нив да го побараат организаторите на Грен Слем турнирите” – изјави Аластер.Таа потенцираше дека сепак потребно ќе биде многу повеќе време да се завршат женските мечеви во случај да се продолжат до три добиени сета.”Што се однесува до нас сметаме дека за жените е добар…
Кошаркарската репрезентација на Франција ја растури Литванија во финалето на 38-то издание на Европското првенство и за прв пат во историјата ја освои европската круна.Откако им ја одземаа круната на Шпанците во полуфиналето, кошаркарите на Франција потврдија дека во моментов се најдобри во Европа со високата победа над Литванија на финалниот натпревар во салата Стожице во Љубљана.Французите го надскокаа противникот на стартот и направија мала предност, но Литванците го имаа расположениот Клеиза кој го иницираше пресвртот и по првиот период тие водеа со 19:22.Кошаркарите на Франција продолж…
Откако денес во Сингапур успеа да стигне до најдоминантната победа во оваа сезона, Себастијан Фетел имаше само пофални зборови за својот тим Red Bull.Фетел имаше многу добро темпо во текот на целата трка кое што не можеше да биде следено ниту од еден од неговите конкуренти. И покрај излегувањето на безбедносното возило на половина од трката, на крајот финишираше со предност поголема од половина минута пред Фернандо Алонсо.„Стартот беше стравичен. Ми беше тешко да се справам со Нико бидејќи имаше подобар старт од мене. За среќа, влезе премногу длабоко во свикот број 1. Овој момент беше решав…
Филип, Никола и Ѓоко се само мал дел од најголемите, вистинските фанови на македонската кошарка и нејзините ѕвезди кошаркарите. Тие заедно со своите соученици од основното училиште Христо Узунов, на македонските кошаркарски репрезентативци заедно со екипата на кошаркарите од МЗТ- Скопје им приредија дочек кој долго ќе го паметат.Покрај, Гечевски, Стојаноски, учениците ги поздрави кошаркарот Војдан Марковски, кој што активно игра кошарка 12 години, а во професионалните спортски води е веќе петта година.„Чувството да се биде со овие мали деца е прекрасно, а кошарката полека станува спорт бр…
Од денес па во наредните два дена, вистинско спортско доживување за сите љубители на клубската кошарка. Во спортската сала „Биљанини извори“ со натпреварот помеѓу екипите на Лукоил Академик и Раднички Крагујевац во 16 часот започнува Меѓународниот кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013“. Првиот човек на Јавното претпријатие „Биљанини извори“ Иван Цветкоски се надева дека после речиси три децениска пауза ова ќе биде убава можност за враќање на клубската кошарка во нашиов град. „Јас сум убеден дека наредните години ќе бидеме уште посилни со екипите, а се надевам дека екипите кои учествуваат на…