За најмладите, дефинитивно најголеми ѕвезди се спортистите

Доказ за тоа беше денешната посета на македонските кошаркарски репрезентативци, заедно со екипата на кошаркарите од МЗТ- Скопје, на учениците од О.У. „Христо Узунов“.

 |  Голабовски Крсте  | 
kosarkari
кошаркари

 

Филип, Никола и Ѓоко се само мал дел од најголемите, вистинските фанови на македонската кошарка и нејзините ѕвезди кошаркарите. Тие заедно со своите соученици од основното училиште Христо Узунов, на македонските кошаркарски репрезентативци заедно со екипата на кошаркарите од МЗТ- Скопје им приредија дочек кој долго ќе го паметат.

uceniciПокрај, Гечевски, Стојаноски, учениците ги поздрави кошаркарот Војдан Марковски, кој што активно игра кошарка 12 години, а во професионалните спортски води е веќе петта година.

„Чувството да се биде со овие мали деца е прекрасно, а кошарката полека станува спорт број еден во Македонија, многу драго ни е на сите и сме многу благодарни на поканата од ова училиште“ изјави Маркоски.

Раководителот на Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, Видоја Секуловски, се заблагодари на Ј.П. „Биљанини извори“за поканата на учеството на претстојниот турнир, „Охрид трофеј“ свесен за големата обврска која овој клуб ја има во развојот на кошарката во нашата земја.

kosarkari„Скопје не е само шампион на државата, туку има и други обврски, да повлече и во регионите надвор од Скопје за развој на кошарката од каде што ќе црпиме практично таленти. МЗТ Скопје секогаш ќе биде на брановите да и од овие млади деца утре постанат некои кошаркари.Сите наши репрезентативци кои се во клубот се секогаш спремни за соработка, тоа го покажавме и денс со оваа средба со дечињата, а се надевам дека ова ќе продолжи и во други градови во републиката.“ потенцираше Секулоски.

Посетата на кошаркарите на најголемото основно училиште во градов е со цел да се развие спортската култура кај најмладите. Покрај со автограми кошаркарте на најмалите им подарија и кошаркарски топки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top