Фев 10, 2014

Липницкаја, најмладата освојувачка на злато во историјата на ЗОИ

Со своите само 15 години и 149 дена руската лизгачка стана најмладата освојувачка на златен медал во историјата на Зимските олимписки игри.Само неколку дена по стартот на ЗОИ во Сочи го имаме и првото големо достигнување за историјата на Зимските олимписки игри.Тоа ѝ припадна на 15-годишната Јулија Липницкаја, која натпреварувајќи се за Русија во екипното лизгање успеа да дојде до златниот медал и со тоа да стане најмладата освојувајчка на најсјајното одличје во историјата на ЗОИ.Со овој свој успеј руската лизгачка го надмина рекордот на Американката Тара Липински, која со свои 15 години и …

Фев 9, 2014

Најплатен фудбалер на светот

Најплатениот фудбалер на светот не е Кристијано Роналдо а ниту Лајонел Меси, туку Златан Ибрахимовиќ. Резултатите се истражување на фудбалскиот магазин World Soccer. Најголемата ѕвезда на ПСЖ, спрема World Soccer, има годишна плата од 14,6 милиони евра, на второто место е Роналдо (14,4), додека Меси е дури 5-ти со плата од 10,7 милиони евра. Пред Меси се Радамел Фалкао и Тиаго Силва.На Меси сигурно му се врти во глава после објавата на оваа листа. Неговите колеги од Барселона Чави Ернандез и Андрес Иниеста го држат седмото и осмото место по 8 милиони а Нејмар е 13-ти со 7 милиони евра годиш…

Фев 8, 2014

Искршил Ферари, лажел и на крај уапсен

Младиот француз кој го напушти Милан и е на позајмица во Монпеље, продолжува со својот контроверзен начин на живеење и во Франција.  19-годишниот напаѓач,Мбаје Нијанг, недалеку од тренинг центарот на Монпеље, се забил во дрво со своето скапоцено ферари, а потоа избегал од местото на настанот. Истиот ден, полицијата сакала да го испраша што знае за овој случај но Французинот прво негирал дека бил во автомобилот, потоа се спротиставувал на апсењето, и на крај е лишен од слобода. Имено ова не е прв инцидент на „малиот Балотели“. Пред две години во Милано исто така возел автомобил од реномирани…

Фев 7, 2014

Никој не го сака Пато

Со преоѓањето од Коринтијанс во Сао Паоло, Алесандре Пато мислел дека ги решил проблемите, но сепак не е така. Откако стана непожелен меѓу навивачите на Коринтијанс, пред да заигра за новиот клуб се огласија и навивачите на Сао Паоло. Тие протестираа поради неговото доаѓање затоа што претходно играл за градскиот ривал. “Тоа е, очигледно, проблем со кој мораме да се соочиме и да се носиме со него. Секој играч мора да се чувствува добродојден во клубот, а ако не е така тогаш ситуацијата се компликува” рекол тренерот на Сао Паоло Муриси Рамаљо за клупската интернет страница. Ова е втор пат Пат…

Фев 7, 2014

Започнуваат 22-те ЗОИ во Сочи

Како што е најавено, во Сочи ќе се појават 2.860 спортисти од 88 национални олимписки комитети што е за шест повеќе од претходните игри во Ванкувер, во 2010 година. Спортистите ќе се натпреваруваат во 15 дисциплини, а ќе бидат поделени 98 комплети медали. Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти: Дарко Дамјановски, Антонио Ристевски и Марија Колароска. За Дамјановски, нашиот нордиец, кој воедно ќе го носи и знамето на Македонија на свеченото отварање, ова е трето учество на олимписки игри, додека за алпскиот скијач Ристевски ова е втор настап.  Младата Колароска, со своите 16 години …

Фев 7, 2014

Познати првите полуфиналисти на „Кошаркарскиот куп на Македонија 2014-та“

Кошаркарите на МЗТ и Кожув се првите полуфиналисти на кошаркарскиот куп, откако вчера славеа против Струмица и Фени индустри.МЗТ со 100-75 ја декласираа Струмица а најефикасни во победничката екипа со по 15 поени беа Чековски и Цветковиќ.Кожуф славеше против  Фени Индустри со 76-59 а во составот на гевгеличаните најефикасен со 24 поени беше Владимир Филиповиќ. Останатите два четврфинални дуели на програмата се денеска. Од 17.30 ч Работички игра со Куманово, а од 20.15 мин. Лирија ќе игра против Карпош Соколи.Полуфиналните мечеви ќе се играат утре, а финалето е закажано за недела.{loadpositi…

Фев 6, 2014

Афера која може да го растресе Реал Мадрид

  И на последниот натпревар на Реал Мадрид во првото полуфинале од купот на Шпанија против градскиот ривал Атлетико, не остана неприметено отсуството од екипата на Герет Бејл. Ова беше доволно да се крене лавина од шпекулации. Откако е дојден во Реал често се случуваат чудни работи со мистериозни повреди на Велшанецот. Во Реал истакнуваат дека се работи само за мали проблеми, ама Бејл никако да направи континуитет во играње. Се поставува логично прашање: ако нема проблеми, зошто Бејл толку изостанува?. Некои се сомневаат дека Мадриѓаните купиле „роба со грешка„. Некои шпански медиуми пишува…

Фев 6, 2014

Проблеми за „Cool runnings“ боб тимот на Јамајка

Легендарниот боб – тим на Јамајка, кој на ЗОИ 1988 во Калгари ги собра симпатиите на светската спортска јавност, ќе учествува и на претстојните Зимски Олимписки Игри во Сочи. Но, Винстон Ватс и Марвин Диксон, уште при пристигнувањето во Сочи се соочија со голем проблем, затоа што останаа без својата опрема. Тие пристигнаа во Русија, меѓутоа не и нивниот багаж, како и спортската опрема со која треба да настапат на ЗОИ.„Ова е многу фрустрирачки почеток на Игрите за нас. Едвај собравме доволно финансии за да дојдеме во Сочи и да учествуваме, а сега ни се случува еден ваков малер“, изјави Винст…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top