Афера која може да го растресе Реал Мадрид

Сто милиони евра фрлени во ветар?

 |  инфодеск  | 

 

И на последниот натпревар на Реал Мадрид во првото полуфинале од купот на Шпанија против градскиот ривал Атлетико, не остана неприметено отсуството од екипата на Герет Бејл. Ова беше доволно да се крене лавина од шпекулации. Откако е дојден во Реал често се случуваат чудни работи со мистериозни повреди на Велшанецот. Во Реал истакнуваат дека се работи само за мали проблеми, ама Бејл никако да направи континуитет во играње.

Се поставува логично прашање: ако нема проблеми, зошто Бејл толку изостанува?. Некои се сомневаат дека Мадриѓаните купиле „роба со грешка„. Некои шпански медиуми пишуваа нашироко за тоа после трансферот од Тотенхем. Реал сето тоа го демантираше, ама времето покажува дека медиумските шпекулации не биле без покритие.

Статистиката не лаже. Бејл одиграл 51% од можните минути во текот на сезоната. Ова му е веќе петта повреда откако е дојден на Сантијаго Бернабеу. Интригира тоа што во медицинските извештаи на лекарската служба на Реал е заведена само една повреда. По ова испаѓа дека Анчелоти на своја рака го изостава од тимот а не дека повредите се причина.

Евидентен е спорот помеѓу лекарот и тренерот кој е во незавидна ситуација, како да го објасни изостанувањето на Бејл од екипата. Новинарите дознаваат од Анчелоти дека Бејл е повреден а лекарите мудро молчат. Анчелоти се наоѓа на бришан простор и не ќе може долго да ги избегнува незгодните прашања од новинарите. Се чини виси во воздух нова афера.

Се почести се гласините дека Бејл има сериозни проблеми со грбот, а лекарите ја кријат правата вистина од јавноста по заповед на Претседателот на Реал Флорентино Перез. Не му е лесно на Перез, веќе промаши еден трансфер (Кака) и со него помина неказнет, но вториот тешко дека би поминал лесно. Дури и Реал не може да си дозволи да стотина милиони евра бидат фрлени во ветар без поголеми последици.  

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top