Мај 28, 2014

Пресметале кој ќе биде светски првак и финалист

Јужноамериканските ривали Бразил и Аргентина ќе играат во финалето на овогодишното Светско првенство, предвидува извештајот на американската инвестициска банка Goldman Sachs. Познатата банкарска групација направила прогноза базирана на анализа од 14.000 меѓународни натпревари одиграни од 1960 година, но и со помош на низа од други статистички податоци. Се предвидува дека домаќинот на Светското првенство Бразил во финалето ќе ја победи Аргентина со 3-1 и по шести пат ќе ја освои круната. Спрема анализата на Goldman, Бразилците имаат дури 48,5% шанси за насловот, па следи Аргентина со 14,1% и…

Мај 28, 2014

Емил Павлов, европски карате првак

Каратистот Емил Павлов на ЕП, кое на почетокот на месецов се одржа во Тампере (Финска), ја испиша најсветлата страница во историјата на македонското карате. Тој, во категоријата до 60 килограми освои златен медал, што е наш најзначаен машки трофеј во овој спорт (претходно највредно беше среброто на Иво Цветковски од европскиот шампионат во 2007-ма година) и повторување на подвигот на Наташа Илиевска од пред три години. Голема пожртвуваност, многу работа, многу тренинзи, откажување од многу работи и преголема желба за успех.За големината на успехот говори и фактот што до титулата сениорски е…

Мај 28, 2014

Историска случка на Роланд Гарос

Швајцарецот Станислас Вавринка и Кинескињата Ли На, победниците на Австралија опен, се простија од Роланд Гарос веќе во првото коло. Ваква ситуација се случува за прв пат во историјата. Никогаш досега не се случило победниците на Грен Слем турнир, да се простат на следниот уште во првото коло, но во Париз актуелните победници од Мелбурн си одат дома после првата пречка. Станислас Вавринка е поразен од Гиљермо Гарсиа Лопез со 3-1, додека домашната претставничка Кристина Младеновиќ со 2-1 ја елиминира, втората на ВТА листата, Ли На. “Никаде не пишува дека морате да ги добиете сите мечеви ако …

Мај 26, 2014

Светски раритет во светот на фудбалот

Шкотската престолнина Единбург во иста сезона остана без двата клуба во највисокиот ранг на натпреварување. Откако, многу порано испадна Хартс, вчера истото му се случи и на Хиберниан, кој во возвратниот натпревар пред своите навивачи доживеа катастрофа и покрај тоа што имаше предност од 2-0 од првиот натпревар. Двата ривали сега се во понизок ранг. Хартс прв пат по 23 години, а Хиберниан по 15 години. Нивното ривалство е едно од најстарите во фудбалскиот свет, бидејќи за прв пат се сретнале на Божик 1875 година, а досега одиграле 615 дерби натпревари. Следната година ќе се среќаваат во вто…

Мај 24, 2014

Анчелоти го признава она што останатите не сакаат

Реал денес во Лисабон ќе ја лови својата десетта европска круна, а ривал му е градскиот Атлетико. Но, и пред почетокот на сезоната Анчелоти сфатил колку во клубот е важна таканаречената “la decima”. Тој признал дека во кралскиот клуб на сите во умот им е освојувањето на десетиот наслов европски првак.”Откако дојдов во Реал, се се врти околу “decima”. Но, тоа не би го нарекол опсесија, само мотивација”, истакнал Анчелоти во разговор за Daily Mail.Потоа Италијанецот се осврнал на ривалот во саботното финале.”Атлетико е изнимно силна екипа против која имавме проблеми во шпанското првенство. Но…

Мај 23, 2014

Лудило во Лисабон

  Точно 19 дена пред отварањето на Светското првенство во Сао Паоло, во Лисабон ќе биде кулминацијата на клупската сезона – финалето во Лигата на шампиони помеѓу двата мадридски тима Реал и Атлетико.Саботната пресметка на Луж ќе биде петто финале во историјата на Лигата на шампиони во кое ќе играат тимови од иста земја, но прв пат доаѓаат од ист град.Реал во Лисабон оди по десеттата круна – „decima„ прва по 12 години, додека Атлетико ќе го лови својот првенец во елитното друштво по своето досегашно едно финале во 1974 година кога изгуби од Баерн Минхен.Реал предводен од Роналдо и Бејл, двај…

Мај 22, 2014

Голем удар за амбициите на Уругвајците

Голем удар во четвртокот наутро добиле Уругвајците, пред Светското првенство во Бразил. Имено, најдобриот играч на нивната репрезентација, Луис Суарез на тренинг го повредил коленото и ќе мора на операција на менискус. Иако уругвајските новинари тврдат дека Суарез ќе биде спремен за СП во Бразил, факт е дека рехабилитацијата по операција од менискус трае од 4 до 6 недели, што значи дека Суарез сигурно нема да е спремен за првиот натпревар против Костарика на 14 јуни. Под знак прашање е дали ќе биде спремен и за другите два натпревари од нивната група, против Англија пет дена подоцна и проти…

Мај 18, 2014

Ултрабогат навивач на Манчестер Јунајтед го купи шпанскиот великан

Сингапурскиот милијардер Петер Лим е новиот сопственик на шпанскиот фудбалски великан Валенсија, откако откупил 70% од сопственичкиот удел во клубот од Местаља. Единствен тим, до освојувањето на титулата на Атлетико оваа сезона, кој во последните 13 години ја прекинуваше доминацијата на Барселона и Реал Мадрид во шпанското првенство беше Валенсија. Лим, инаку голем навивач на Манчестер Јунајтед, успеал конечно да стане сопственик на еден од тимовите од лигите на големата петорка. Првиот обид, но неуспешен, беше во 2010 година кога понудил за Ливерпул 300 милиони фунти. Во Валенсија се надев…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top