Ное 17, 2008

Џоковиќ го освои Шангај

Српскиот тенисер Новак Џоковиќ го освои завршниот Мастерс турнир во Шангај со победата во финалето над русинот Николај Давиденко од 6:1, 7:5.Српскиот тенисер дојде до победата преку сигурна и самоуверена игра. Првиот сет го доби експресно со 6:1, додека Русинот во вториот пружи подобар отпор, но тоа не беше доволно, победата на Џокович посериозно да се донесе во прашање. Џоковиќ како победник на турнирот освои 1, 34 милиони долари и сега од вотропласираниот Роџер Федерер му се приближи на смо десет поени разлика. {loadposition content9}

Ное 15, 2008

Прв пораз на Лејкерси

Синоќа се одиграа голем број натпревари на НБА паркетот, а во еден од најинтересните натпревари синоќа, Л.А. Лејкерси го запишаа првиот пораз сезонава.Нив ги совладаа Дитроит Пистонс. Лејкерси беа надиграни на свој терен. Гостите славеа со 106:95, со доминација за време на целиот натпревар. Алан Ајверсон одигра еден голем натпревар и покажа поради што Пистонси се откажаа од Билапс, а го донесоа него. Постигна 25 поени, исто толку топки му додаде на Рашид Валас како и 13 скокови. Кај Лејкерси Коби Брајант уфрли 29 поени, 15 поени и десет скокови оствари Пол Гасол {loadposition content9}

Ное 15, 2008

Фергусон незадоволен од новите правила на допинг тестовите

Планирање на новите процедури за време на тестирање на допинг ќе чини многу за Фудбалскиот сојуз на Англија.Применувањето на новите правила исто така ќе биде многу тешко во праксата, изјави тренерот на европскиот шампион и премиер лигата, Алекс Фергусон.Фергусон ги подржа строгите допинг тестови, со цел недозволените супстанции да ги снема од фудбалот, но изјави дека ќе биде тешко да се натераат фудбалерите да секојдневно поднесуваат извештаи за своето движење и начин на живеење. Новите мерки ќе бидат претставени следната година со примена на правилата на Светската анти-допинг агенција кои …

Ное 14, 2008

Европското првенство во ракомет, ќе го следат само оние со подлабок џеп

Охриѓани сметаат дека цената на влезниците за ова првенство ги надминува границите на нормалното.Започна одбројувањето за Европското првенство во ракомет кое за еден месец ќе се одржи во Скопје и Охрид. Во ЈПБИ и Локалната самоуправа на големо се работи за да се средат последните ситници кои ЕХФ ги постави како критериум. Но Охридската јавност ја мачи еден проблем – кој и како ќе стигне до влезница за да ги следи натпреварите во живо, бидејќи цената на еднодневна влезница ќе чини од 15 до 25 евра. За охриѓани ова е далеку повисока цена од таа што тие ја очекувале.Само за потсетување во Охри…

Ное 14, 2008

Севиља и Осасуна во осмина финалето на Кралскиот куп

Фудбалерите на Севиља и Осасуна се изборија за пласман во осмина финалето на шпанскиот Кралски куп.Севиља го совлада Понферадин, додека Осасуна на Хетафе. Бидејќи на првата средба во Мадрид хетафе и Осасуна одиграа без голови 0:0, на Осасуна и одговоараше било каква победа за да оди понатаму.До победата стигнаа после големата грешка на гостинскиот голман Јакоб во додавањето, која уругвајскиот напаѓач Волтер Пандиани ја казни со гол.Во вториот избран натпревар Севиља пред домашната публика со победата од 4:0 го изми срамот од првиот натпревар, кога беше поразена од третолигашот Понферадин со…

Ное 14, 2008

Претседателот на Ферари го скршил телевизорот додка ја гледал последната трка

Претседателот на Ферари, Лука Ди Монтеѕемоло призна колку бил нервозен додека ја гледал последната трка во Формула 1 за големата награда на Бразил. Само за потсетување во драматичниата завршница на псоледните кривини, светски првак стана Луис Хамилтон со совоено петто место, додека Фелипе МАса и покрај победата остана пократок за еден поен.„Морам да бидам искрен, го скршив телевиозрот, што многу ја уплаши мојата ќерка која беше со мене во хотелската соба“, кратко искоментира Ди Монтеѕемоло.Е, Лука, Лука мораш нешто да направиш со гневот… {loadposition content9}

Ное 13, 2008

Виљареал испадна, Барса оди понатаму

Вчера се одиграа натпреварите од четвртата рунда на Купот на Шпанија. Понатаму одат Барселона, Валенсија и Атлетико Мадрид, додека Виљареал испадна.„Жолтата подморница“ во првиот натпревар загуби дури со 5:0 од Поли Ехидо, додека во реванш натпреварот беше 1:1. Стрелци беа Молина за второлигашот и Жилије Франко за Виљареал. Барса со голот на Меси го совлада Бенидорм со 1:0, исто како и при првата средба. Атлетико дома играше 0:0 со Орихел, а доволно за понатака беше голот на Диего Форлан од првиот натпревар.Валенсија после убедливите 4:1 во првиот натпревар го совлада Португалете со 3:0 во …

Ное 13, 2008

Торо Росо во потрaга по возачи

Челниците на екипата на Торо Росо, некогашниот Минарди, на првата проверка ќе тестираат тројца возачи, кандидати за место во италијанскиот тим.Во претходната сезона во Торо Росо се натпреваруваа Себастијан Фетел и Себастијан Бурде. Фетел потпиша за австриаскиот Ред Бул, каде ќе го замени Дејвид Култхард. Французинот Бурде ќе се најде на пробата, а ќе му се придружи и тест возачот на австрискиот Ред Бул, Себастијан Буеми и Такума Сато, поранешниот возач на Хонда. Нивните способности ќе бидат проверени на тридневната трка во Каталуња.Буред е четирикратен првак во Champ Car серијата, со искуст…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top