Ное 22, 2008

Сериозна повреда на Марк Вебер

Возачот на Ф1, австралијанецот Марк Вебер, сериозно се повреди откако го удри автомобил на добротворното спортско натпреварување во Тасманија.32-годишниот Вебер, возачот на Ред Бул, возел велосипед во близина на Порт Артур кога се судрил со автомобил. За среќа повредите не се опасни по живот, соопшти претставникот на тасманиската полиција, Џон Форд. Директорот Џеф Донахју изјави дека дека на Вебер можеби му е скршена ногата,но лекарите сеуште не дале целосна дијагноза.Вебер се натпреваруваше во добротворноиот натпревар  кој самиот го организира наречен „Веберовиот тасманиски прдизвик“ во ка…

Ное 21, 2008

Дејан Маслов, второ место на светското првенство во боди-билдинг

Светското првенство во боди билдинг кое се одржа во Копер –Словенија на петнаесети овој месец во организација на Интернационалната Боди-Билдинг федерација. Охрид и Македонија беа претставени од  нашиот сограѓанин Дејан Маслов кој го освои второто место. На ова светско првенство учество зедоа голем број на боди билдери од целиот свет, а во категоријата „Фитнес атлетик висока“ во која беше и нашиот репрезентативец се натпреваруваа шеснаетет натпреварувачи. За Маслов ова е прво учество на светско првенство, но не и прв успех кој го има постигнато.Овој спорт е еден од поскапите спортови во свет…

Ное 21, 2008

Валентино Роси го тестираше Ферари

Светскиот шампион Валентино Роси го тестираше возилото на Ферари на Мудељо патеката, на која триумфираше последниве седум години.Роси возеше Ф2008, возило кое го користеа возачите на Ферари, Фелипе Маса и Кими Раиконен во неодамна завршениот шампионат на Формула еден. Ферари му понуди на Роси во следната сезона да се проба во тимот на Ферари, но највероатно тој е поблиску до одлуката да остане во мото спортот, откако размислуваше да почне да се натпреварува во шампионатот на Формула 1. Портпаролот на Ферари, Лука Колајани изјави дека Роси возел повеќе од 20 кругови, а дека има намера да про…

Ное 21, 2008

Бербатов ќе ја пропушти Астон Вила

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов поради повреда на бутниот мускул ќе го пропушти првенствениот натпревар од Премиер лигата против Астон Вила во Бирмингем.Бербатов се повреди на пријателскиот натпревар помеѓу Србија и Бугарија и од теренот си замина во 28-та минута. Бугарија на средбата претрпе вистински дебакл 6:1, додека Бербатов имаше мала можност да се докаже. Докторите на Манчестер Јунајтед проценуваат дека одличниот фудбалер ќе отсуствува од теренот помеѓу седум и десет дена.  {loadposition content9}

Ное 20, 2008

Македонија – Црна Гора 1:2

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа загуби од репрезентацијата на Црна Гора со 2:1. За Црна Гора головите ги постигнаа Џудовиќ во 24 минута и Јоветиќ од пенал во 33 минута, додека за Македонија голот го постигна Горан Попов во 85 минута.Селекторот на македонската резрезентација Среќко Катанец на заедничката прес – конференција по натпреварот рече дека нашиот тим играл солиден фудбал, но оти сме примиле гол каков не сме смееле да примиме.„Примивме гол каков несмееме да примиме, нешто што ни се случува често во последно време, а за вториот несакам да зборувам. Играчите треба да би…

Ное 20, 2008

Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет

Завршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.Со вакви добро организирани настани градот Охрид се става на Светската карта како туристичко место кое мора да се посети – сметаат од локалната самоуправа.Добивањето на организацијата за ЕП е голема чест бидејќи критериумите на ЕХФ за организирање на вакви настани се многу големи. Исто така тој ги поздравува напорите кои локалната самоуправа ги вложила за да ги исполни барањата на Европската Ракометна Федерација и се на…

Ное 19, 2008

Македонските фудбалери во Охрид доживеаа пораз

Македонската репрезентација до 21 год со убедливи 0-3 и со катастрофална игра загуби на пријателскиот натпревар со Албанија. На дел од повиканите репрезентативци ова ке им биде последен натпревар за Македонија вели селекторот Мирсад Јонуз.Македонската младинска репрезентација денеска на стадионот Биљанини извори на натпреварот против своите врсници од Албанија загуби со убедливи 0-3. Ова е втор натпревар помеѓу овие две репрезентации оваа година. На првиот кој се играше во Албанија, Македонија победи со минимални 0-1. Селекторот Мирсад Јонуз не е задоволен од играта на своите избраници и на…

Ное 19, 2008

Капело се залага за воведување на лекарски прегледи

Селекторот на Англија, Фабио Капело ќе побара лекарите на репрезентацијата да ги прегледаат играчите пред да им одобрат повелекување од натпреварите.Националната екипа на Англија има големи пробелми со повредите пред пријателскиот натпревар со Германија во Берлин бидејќи шест играчи, Рио Фердинанд, Вејн Руни, Дејвид Бекам, Мајкл Овен, Емил Хески и Џо Кол, надвор од репрезенатцијата, а после натпреварите за време на викендот се пожалија и клучните играчи од средината на таеренот Стивен Жерард и Френк Лампард, додека Џо Харт ќе биде надвор од теренот цел месец.Капело одлучи дека лекар на репр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top