Јан 23, 2009

Алонсо тренираше со Састре

Шоферот на Рено и двократниот Ф1 шампион Фернандо Алонсо мина еден ден тренирајќи со освојувачот на минатогодишниот „Тур Де франс“ Карлос Састре.Големиот фан на велосипедизмот возеше со Састре и целата екипа на Сарвело за време на тренингот на југот на Португалија, во близина на патеката Алгарве кае неколку тимови на најбрзиот циркус на светот, ги тестира болидите за новата сезона.„Тоа беше средба за изведување. Оголемиот дел од времето го минавме во запознавање и минавме четири часа заедно. Моите тимски другари беа среќни што имаа можност да го запознаат Фернандо, а нему му беше мило што т…

Јан 22, 2009

Ракометарите поразени од германците

Машката ракометна репрезентација на Македонија вчера во Вараждин во рамки на Светското првенство во ракомет е поразена во четвртото коло од Германија со 33:23.Македонија се наоѓа моментално на четвртото место во „Ц“ конкуренцијата, додека убедливо први се Германците.Во натпревар со две различни полувремиња кој Македонија го заврши без тројцата најдобри играчи Алушевски и Мојсовски кои се повредија и Лазаров кој доби црвен картон, Германците го осигураа пласманот во вториот круг. Без Кире Лазаров во завршните 14 минути кога се кршеше резултатот тешко можевме да ја разубавиме сензационалната …

Јан 22, 2009

Гвардиола го избрка Ето и од тренингот

Иако на теренот растураат, изгледа дека во соблекувалната на Барселона не е баш се така сјајно.Шпанските медиуми блиски до каталуњската екипа известуваат, како Пепе Гвардиола го испрати Самуел Ето во соблекувалната пред да заврши тренингот.Се верува дека Камерунецот не давал се од себе, а кога Гвардиола го опоменал за тоа, Камерунецот се возбудил. Гвардиола ја завршил расправијата така што го избркал Ето од тренингот.Не се знае точно дали таа расправија е готова и дали 27 годишниот Ето ќе биде дополнително казнет, но едно е сигурно, тренерот на водечката екипа на примера лигата не дозволува…

Јан 21, 2009

Сити го клевети Милан за прекршено ветување

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити го клевети италијанскиот Милан дека го прекршиле ветувањето за продажбата на Кака и го опишаа неговиот таткото премногу суетен.Претседателот на клубот Гери Кук остро го критикуваше тимот од Серија А, ден после посетата на Милан во надеж дека ќе се реализира најголемиот трансфер на светот вреден 108 милиони фунти.„Милан се исплаши. Одбиваат да ја продадат својата скапоценост, а ние ќе престанеме да инсистираме. Одлучивме да изградиме работен модел кој е малку софистициран за да го разберете“, вели Кук.„Навистина верувавме и се уште веруваме дека Кака им…

Јан 21, 2009

Македонските ракометари денес против Германија

Дали шансата треба да се бара во последниот дуел со Русија?„Се спремаме прво за Германија па потоа и за Русија. Сепак мислам дека повеќе шанси имаме да ја победиме Германија, отколку Русија“, изјави македонскиот селектор, Темелковски.По она што му го оставија на овој мундијал по натпреварот со Полјаците, Македонските ракометари со право можат да целат кон нов прогрес.Зошто да не го искористиме овој момент за инспирација на позитивни ракометни вибрации. Досега ги чувствуваат традиционално селекциите од „Стариот“ континент.Французите се веќе сигурни за главната рунда, а од неевропските адути …

Јан 20, 2009

Кака останува во Милан

Приказната за суперфудбалерот Кака кој неколку дена се наоѓа на само чекор до најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, го доби својот епилог.Имено пвиот човек на Милан, Силвио Берлускони во последен момент го прекина трансферот вреден 108 милиони евра. Тој во неверојатен преврат на ситуацијата го откажа веќе договорениот договор на Милан и Манчестер Сити, на кој според мениумите недостигаше само потписто на бразилскиот ас.Агентот на Кака Боско Леите ги водеше преговорите со челниците на двата клуба,а според неофицијалните информации неговиот син денес претпалдне требаше да биде предст…

Јан 20, 2009

Македонија го победи вицешампионот Полска

Македонија во ракометно лудило. Нашиот национален тим ја приреди првата сензација на Светскиот шампионат во Хрватска.Во третото коло од групата „Ц“, македонските репрезентативци денеска ја соборија на колена сребрената селекција од пред две години, фаворизираната Полска и ги заплеткаа сметките околу конечниот изглед на табелата.Македонија го победи актуелниот светски вицепрвак со 30:29. Сензација, за нашиот машки ракомет и спорт воопшто, историски резултат.Ајде сега објаснете му го некому на овој ракометен собир феноменот „балкански менталитет“. Ќе се снајдеме, но и ќе знаеме да го прослави…

Јан 19, 2009

Шеиците доаѓаат по Кака

Торнадото од Арабија сериозно ја погоди Европа. Фудбалот после непристојниот предлог на шеикот од Манчестер сити од 273 милиони евра за трансферот на Рикардо Кака, нема и нема да може да биде ист, а денес се чини дека е денот Д во кој милан и неговиот фудбалер ги држат картите на својата судбина, во свои раце.Нафетените милионери од Абу Даби, кои најверојатно својата играшка ја пронајдоја во фудбалот во облик на Манчестер Сити, чекаат на одоговорот на бразилецот и на Милан на нивната понуда. Денес официјално ја испраќаат својата делегација на „Сан Сиро“, но за 24 часа може се и сешто да се …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top