Гвардиола го избрка Ето и од тренингот

Иако на теренот растураат, изгледа дека во соблекувалната на Барселона не е баш се така сјајно.

 |  Крсте Голабовски  | 
Samuel Eto
Самуел Ето

Иако на теренот растураат, изгледа дека во соблекувалната на Барселона не е баш се така сјајно.

Шпанските медиуми блиски до каталуњската екипа известуваат, како Пепе Гвардиола го испрати Самуел Ето во соблекувалната пред да заврши тренингот.
Се верува дека Камерунецот не давал се од себе, а кога Гвардиола го опоменал за тоа, Камерунецот се возбудил. Гвардиола ја завршил расправијата така што го избркал Ето од тренингот.

Samuel EtoНе се знае точно дали таа расправија е готова и дали 27 годишниот Ето ќе биде дополнително казнет, но едно е сигурно, тренерот на водечката екипа на примера лигата не дозволува, неговите момчиња да се опуштат и забушаваат ни на тренинзите.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top