Мар 5, 2009

Боде Милер заминува од скијањето

Американскиот скијач Боде Милер реши до крајот на ова сезона да не се појави во ниту една трка затоа што по светскиот шампионат во Вал д Исер потфрли и на  трките од Светскиот Куп во Сестриере и Крањска Гора.„Моментално други работи ме интересираат повеќе од Светскиот Куп„ изјави 31 годишниот Милер. До крајот на Светскиот Куп останаа само трките во Квитјфел Норвешка и финалето во Аере, Шведска.Од Скијачката Федерација на Америка доаѓаат гласини дека оваa одлука на Милер може да значи и крај на кариерата на најуспешниот скијач на САД.Два пати освојувач на Светскиот Куп, Милер пред почетокот …

Мар 5, 2009

Батон се откажа од 15 милиони фунти

Само за да го спаси тимот од големите финансиски проблеми и воедно да си осигура место во него Џенсон батон се одрече од голем дел од својата плата. Тимот на Ф1 која настапуваше под името Хонда сеуште чека купувач кој ќе и овозможи натпреварување во сезоната која доаѓа. Едно возачко место е осигурано за Батон. Тој се одрече од 15 милиони фунти за период од три години. Така наместо договорените 24, сега тој ќе добие скромни девет.Воедно се согласи патните трошоци самиот да ги покрие, како и сместувањето во хотелите за време на натпреварувачкиот дел од сезоната. Се поголеми се шансите клубски…

Мар 4, 2009

Средба на Груевски со Платини

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска напладне ќе има работна средба со претседателот на УЕФА Мишел Платини.На средбата, како што е најавено, ќе стане збор за инвестирањето во фудбалската инфраструктура, како и за проблемите што се јавуваат во врска со даноците што Фудбалската федерација на Македонија(ФФМ) ги плаќа за донациите од УЕФА.Се очекува првиот човек на УЕФА да побара од Груевски државата да инвестира во фудбалот во Македонија, било преку директни инвестиции, или со донесување на соодветни закони.Според најавата, Платини ќе го посети и стадионот „Филип Втори“ во Скопје, за о…

Мар 4, 2009

Кака во Реал Мадрид?

Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, кажа дека не е сигурен дека ќе може да го задржи Кака на „Сан Сиро“ и дека постои можност Бразилецот да замине во Реал Мадрид, по заслуга на Флорентино Перез. Галијани тврди дека доколку Перез застане на чело на „кралевите“ се’ е можно, бидејќи основниот аргумент за неговата кандидатура било ветувањето дека ќе го доведе Кака во Мадрид.„Не сум разговарал со него за Кака, но знам дека со врските кои ги има Перез се’ е можно. Тој е фантастичен бизнисмен и добар пријател, а јас тоа не го кажувам често за челниците на другите клубови. Се видовме мина…

Мар 3, 2009

До каде ќе оди Јунајтед за да го задржи Роналдо

Управата на Манчестер Јунајтед се подготвува да повлече очекуван потег за во своите редови да го задржи најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо. Манчестер Јунајтед посакуваат да стават крај на шпекулациите за заминување на 23 годишниот Роналдо во Реал Мадрид и се надеваат дека 10,4 милиони фунти годишна плата ќе биде доволна за тоа.Според „News of the World“, новиот договор кој Јунајтед ќе му го понуди на Португалецот вклучува неделна плата од 160 000 фунти како и додатни 40 000 фунти од неговите маркетиншки активности.Новиот договор на Роналдо ќе биде во трајност од пет години и ќе …

Мар 3, 2009

ПСЖ, најдобар тим во светот за февруари

Францускиот ПСЖ ја освои титулата најдобар фудбалски состав во светот за февруари. Македонските фудбалски тимови и натаму се на дното на листата. Во ТОП 350  на оваа рангирање екипата на Работнички е рангирана дури на 221 место, Влазнија е најдобро рангирана албанска екипа на 211 место.Според светската федерација за статистика и спортска историја, ПСЖ изминатиот месец имаше најдобри постигнувања и во француската прва лига и во Купот на УЕФА. „Светците“ освоија 38 бода во рангирањето и направија скок на вкупната листа на најдобри светски клубови од 57. на 21. место. Според ИФФХС, Манчестер Ј…

Мар 2, 2009

Мото ГП од 2012 и во соседството

Бугарија во 2012 година ќе биде домаќин на трка од Светскиот шампионат во Мото ГП како прва источноевропска земја со таква привилегија. Претседателот на Бугарската мотоциклистичка федерација, Богдан Николов, и Кармело Еспалета, прв човек на сопственикот на комерацијалните права за Мото ГП, компанијата „Дорна“, потпишаа прелиминарен петгодишен договор, кој ќе почне да се реализира по три години. Тежина на преговарачката позиција на Бугарите им даде присуството и на премиерот Сергеј Станишев и на министерката за спорт Лечева. „Го направивме првиот чекор во реализацијата на овој и за нас возбу…

Мар 2, 2009

Жилиен Лизеро триумфира на Крањска гора

Французинот Жилиен Лизеро е победник на денешната, деветтта сезона слаломска трка во рамките од Светскиот куп на стазата Подкорен крај Кранска Гора. Второто место го освои Италијанецот Џулијано Раколи, а трет беше Австриецот Феликс Нојројтер. Французинот Жан-Баптист Гранж и понатаму води во пласманот во слалом со 481 бод, а го следат Хрватот Ивица Ксотелич со 432 и Австриецот Манфред Прангер со 389. Во генералниот пласман на првото место и понатаму е Костелич со 837 бодови, втор е Бенџамин Рајх од Австрија со 835, додека на третото место е Гранж со 777. Победничка на шестата овосезонска трк…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top