До каде ќе оди Јунајтед за да го задржи Роналдо

Управата на Манчестер Јунајтед се подготвува да повлече очекуван потег за во своите редови да го задржи најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kristijano Ronaldo
Кристијано Роналдо

Управата на Манчестер Јунајтед се подготвува да повлече очекуван потег за во своите редови да го задржи најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо.

 

Манчестер Јунајтед посакуваат да стават крај на шпекулациите за заминување на 23 годишниот Роналдо во Реал Мадрид и се надеваат дека 10,4 милиони фунти годишна плата ќе биде доволна за тоа.
Според „News of the World“, новиот договор кој Јунајтед ќе му го понуди на Португалецот вклучува неделна плата од 160 000 фунти како и додатни 40 000 фунти од неговите маркетиншки активности.
Новиот договор на Роналдо ќе биде во трајност од пет години и ќе го обврзе крилото на верност до 2014.

Kristijano RonaldoТековниот договор на Роналдо, според кој тој заработува 120 000 фунти неделно, истекува за три години, но според правилата на ФИФА тој ќе може да го откупи договорот по истекот на сезоната 2009/10.

Шпекулациите за негово заминување во Реал Мадрид траат од минатото лето во кое Роналдо беше инволвиран во долга и мачна трансфер сага, а не престануваат и во текот на сезоната иако Сер Алекс Фергусон најави дека играчот нема да се пресели на „Бернабе“.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top