Батон се откажа од 15 милиони фунти

Само за да го спаси тимот од големите финансиски проблеми и воедно да си осигура место во него Џенсон батон се одрече од голем дел од својата плата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Jenson Button
Џенсон Батон

Само за да го спаси тимот од големите финансиски проблеми и воедно да си осигура место во него Џенсон батон се одрече од голем дел од својата плата.

Тимот на Ф1 која настапуваше под името Хонда сеуште чека купувач кој ќе и овозможи натпреварување во сезоната која доаѓа. Едно возачко место е осигурано за Батон. Тој се одрече од 15 милиони фунти за период од три години. Така наместо договорените 24, сега тој ќе добие скромни девет.

Jenson BatonВоедно се согласи патните трошоци самиот да ги покрие, како и сместувањето во хотелите за време на натпреварувачкиот дел од сезоната. Се поголеми се шансите клубски колега оваа сезона да му биде Рубенс Баричело, а не внукот на Сена, Бруно.

Од друга стана пак, Бруно Сена е свесен дека оваа сезона за него ќе биде премиерна во Формула 1.

„Размислував за други решенија. Треба да одржам состанок со Рос Браун, но состанокот е откажан. Бидејќи се оддолжија работите останав без ангажмани подобри од овој. Ќе разговарам со  сеемсјтвото и советниците и ќе решам по кој пат понатаму, но било што да направам ќе биде чекор наназад за мојата кариерa.“

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top