Јул 30, 2015

Русија исфрлена од Евробаскет?

ФИБА не се шегува, репрезентацијата на Русија е исклучена од сите натпреварувања под патронат на светската куќа на кошарката. Веста од кошарката која одекна во светот е дека Русија е суспендирана од сите меѓународни натпреварувања, што практично значи дека Зборнаја нема да ја гледаме на претстоечкото Европско првенство. Информацијата ја потврди Сергеј Чернов, претседателот на кошаркарскиот сојуз на Русија, но и член на извршното биро на ФИБА. “Фиба прати писмо во нашиот сојуз, во кое пишува дека Русија не се наоѓа на листата членови на ФИБА. Мораме да размислиме како ќе ја решиме оваа си…

Авг 9, 2016

Многумина се прашуваа за дамките на најголемиот олимпиец во историјата

Чудесниот Michael Phelps скокна во базенот и веднаш дојде до неверојатното 19 злато на Олимписки игри. Никој досега не успеал тоа да го направи, а овој пат скокна како втора измена во штафетата 4х100 метри слободно и ја доведе својата екипа во водство кое го задржа до крај. Но, по настапот многумина се прашуваа што е тоа на наеговото тело. Големи дамки со правилни контури. Се работи за алтернативен третман, во овој случај, на кинеската медицина со кој со шољи се цица крвта на местата кои трпат големи напори или болки. Станува збор за лечење старо илјадници години и е сѐ популарно меѓу спо…

Јул 26, 2015

Ф1 – Ниезвесна и интересна трка на Хунгароринг

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, победи во трката за Големата награда на Унгарија и ја отствари својата прв победа на Хунгароринг. Германскиот возач ја отствари својата 41 победа во кариерата и со тоа се изедначи со Аиртон Сена по бројот на триумфи во кариерата. Второто место му припадна на Даниел Квајт од Ред Бул, отстварувајќи го својот прв пласман на подиумот во кариерата. Трет беше неговиот клупски колега Даниел Рикардо. Четвртото место го завзеде Макс Верстапен од екипата на Торо Росо, петти беше Фернандо Алонсо од Мекларен, а актуелниот светски шампион Луис Хамилтон беше шести….

Авг 4, 2016

На следните Олимписки игри пет нови спортови

Меѓународниот олимписки комитет (МОО) на своето 129 заседание кое се одржа од 2 до 4 август во Рио де Жанеиро одлучи да воведе пет нови спортови за следните игри во Токио 2020 година, и тоа безбол/софтбол, карате, спортско качување, скејтбординг и едрење на даска. Ова е најголема промена на програмата во историјата на современите игри. Спортовите ги предложи Организациониот одбор на ОИ Токио 2020 врз основа на Олимпискиот план 2020 усвоен во 2014 година која на домаќинот му овозможува за своето издание на игрите на МОО да му предложи нови спортови. Токио тоа го направи во септември 2015 го…

Јул 25, 2015

Извлечени групите за квалификации за СП 2018 во Русија

Квалификациите кои ќе започнат на 4-ти септември 2016 година, Македонија ќе ги игра во Групата Г, во којашто ќе има пет противници. Македонските фудбалери ќе се спротистават на Шпанија, моментално 12-та на ФИФА ранкинг листата која беше светски шампион во 2010 година, а првпат ќе се соочи во квалификации со Италија, 17-та на ФИФА ранкингот, и носител на четири титули светски фудбалски шампион, од 1934, 1938, 1982 и 2006 година.Oсобено интересни ќе бидат дуелите со Албанија со којашто првпат ќе се одмеруваат силите во квалификации за некое големо меѓународно натпреварување.Распоредот и датум…

Јул 17, 2015

Раиконен заминува од Ферари

Кими Раиконен следната сезона нема да вози за Ферари, неговото место ќе го завземе Валтери Ботас. Веста, која во исчекување на Големата награда на Унгарија (26 јули), прв ја објави Corriere dello Sport, а дека работата е завршена пишуваат и BBC и бројни спортски портали кои го следат мото спортот. Официјалната објава би требало да се случи на почетокот на август бидејќи Ферари со Раиконен во договорот за 2016 година има таква опција која стапува на сила по 31 јули. По тој датум, од Маранело, ќе му соопштат на Кими дека за идната сезона за него нема да има место во легендарниот црвен болид…

Јул 15, 2015

Се појави фотографија на Гвардиола со неговите жртви

Капката која ја прелеа веќе преполната чаша и гневот спрема Пеп Гвардиола беше продажбата на нивната икона Бастиан Швајнштајгер на Манчестер Јунајтед. Најверните навивачи на Баерн развија транспарент во Минхен кој за миг стана хит на социјалните мрежи и на навивачките форуми.“До Пеп и неговиот слуга Румениге – го уништивте нашиот идентитет”, напишале на транспарентот.Во исто време на социјалните мрежи се појави и интересна фотографија на Пеп Гвардиола од времето кога го превземаше клубот од Јуп Хејкенс.На прв поглед фотографијата од клупската архива на Баерн по ништо не е посебна. Гвардиола…

Јул 11, 2015

Финале кои многумина го посакуваа

Во утрешното финале на Вимблдон ќе се сретнат Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ и еве што изјавија ден пред тоа. Швајцарецот ќе има прилика да ја освои осмата титула на најпрестижниот тениски турнир во светот, додека Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до својата трета титула. “Новак во последните неколку години е најдобар играч на светот. Ќе биде многу тешко да се победи. Верувам дека двајцата се радуваме што сме во финале и се надевам дека можам да ја освојам титулата”, рече Роџер Федерер. Ѓоковиќ пред финалето ја даде следната изјава: “Ќе играм четврто финале по ред на еден од најубавите терени….
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top