Финале кои многумина го посакуваа

Изјави на двајцата најдобри тенисери на светот пред финалето на најпрестижниот турнир во светот

 |  инфодеск  | 

Во утрешното финале на Вимблдон ќе се сретнат Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ и еве што изјавија ден пред тоа.

Швајцарецот ќе има прилика да ја освои осмата титула на најпрестижниот тениски турнир во светот, додека Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до својата трета титула.

“Новак во последните неколку години е најдобар играч на светот. Ќе биде многу тешко да се победи. Верувам дека двајцата се радуваме што сме во финале и се надевам дека можам да ја освојам титулата”, рече Роџер Федерер.

Ѓоковиќ пред финалето ја даде следната изјава: “Ќе играм четврто финале по ред на еден од најубавите терени. Голема е честа да се биде тука, затоа ќе дадам сѐ од себе”.

Федерер и Ѓоковиќ ќе се сретнат по 40-ти пат, а Швајцарецот моментално води со 20-19.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top