• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Многумина се прашуваа за дамките на најголемиот олимпиец во историјата

Многумина се прашуваа за дамките на најголемиот олимпиец во историјата

Michael Phelps го освои своето 19 злато на ОИ, но сите се прашуваа што е тоа по неговото тело

 |  инфодеск  | 

Чудесниот Michael Phelps скокна во базенот и веднаш дојде до неверојатното 19 злато на Олимписки игри. Никој досега не успеал тоа да го направи, а овој пат скокна како втора измена во штафетата 4х100 метри слободно и ја доведе својата екипа во водство кое го задржа до крај.

Но, по настапот многумина се прашуваа што е тоа на наеговото тело. Големи дамки со правилни контури. Се работи за алтернативен третман, во овој случај, на кинеската медицина со кој со шољи се цица крвта на местата кои трпат големи напори или болки.

Станува збор за лечење старо илјадници години и е сѐ популарно меѓу спортистите. Тоа го користеле или го користат Andy Murray и Floyd Mayweather, како и многу спортисти на игрите во Рио.

“Користењето на терапијата “cupping” се прошири во последното десетлетие”, открива директорот на една таква специјализирана лондонска клиника Др. Ayaaz Farhat. Тој вели дека “оваа терапија се користи од исти причини како и замрзнување на крвта на богатите со кислород, за да тие клетки побрзо се опорават”.

Но, научниците тврдат дека оваа техника нема апсолутно никакво значење за некаква помош на спортистите. Дури и познати експерти за алтернативна медицина од универзитетот во Ексетер тврдат дека “cupping” техниката има долга историја, но нема докази дека влијае позитивно на опоравување на телото.

David Colquhon од универзитетот во Лондон вели за Independent дека “cupping” нема поддршка од науката.

“Тие не докажаа дека тоа функционира. Како по ѓаволите цицање крв од кожата во шоља може да му помогне на спортистот да биде подобар? Предизвикување на дамки и тегнење на вени никому нема да му помогне”, изјавил Colquhoun.

Но, Phelps и некои други спортисти тврдат дека тоа му помага.

“Ова го правам веќе одреден период и се гледаат дамките. Таму каде што се гледаат дамките телото најмногу ме боли, а ова го правам пред секое натпреварување”, објаснил Phelps.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top