„Трките во самрак се премногу опасни и постои ризик Малезиското гран-при в недела да биде стопирано од безбедносни причини, предупредува возачот на Вилијамс“, Нико Розберг. Првите две трки од годинашната сезона во Формула 1, во Австралија и во Малезија, почнуваат подоцна од лани, поточно во 17 ч. по локално време заради привлекување поголем телевизиски аудиториум во раните утрински часови во Европа. Возачите се пожалија на видливоста пред заоѓањето на сонцето минатиот викенд во Мелбурн, а дополнителна компликација во Малезија би можеле да создадат евентуалните тропски дождови доцна попладне…
Претседателот на МОК Жак Рог, потврди дека ја поддржува иницијативата, рагбито да влезе во семејството на олимписки спортови за ЛОИ во 2016 година, но потсети дека тој нема право во донесување на таа одлука.За време на посетата на Нов Зеланд, Рог изјави дека како поранешен рагби играч би сакал да ги види натпреварите во тој спорт на Игрите во 2016 година.„Би сакал рагбито да стане олимписки спорт. Ја поддржувам таа идеја, но немам право да гласам за тоа и не можам да учествувам во донесувањето на таа одлука“ изјави 67 годишниот белгианец. Само за потсетување Рог како активен спортист бил уч…
Ленс Армстронг велосипедистот на казахстанската Астана, за првпат после повредата на клучната коска седна на велосипед.Иако станува збор за собен велосипед, сепак тоа е првата фаза на неговата рековалесценција после операцијата.„Возев половина час на собев велосипед и мислам дека за рехабилитација ќе ми бидат потребни од 8-12 недели“ изјави 37 годишниот спортист.Тој пред една недела падна од велосипед на патеката „Vuelta Kastilja и Leon“, но изјави дека е подготвен за Girro d’ Italija која стартува на 9 мај.Седумкратен победник е на Тур де Франс. Успеа да се опорави од рако на тестисите ко…
Џејсон Батон возачот на Браун ГП е победник на првата трка во новата сезона во формула 1 што се возеше на патеката во Мелбурн парк. Батон од самиот старт водеше и стигна до првото место на подиумот.Одличниот викенд за дебитантскиот тим на Браун ГП го надоплни Рубенс Баричело со втората позиција. До оваа позиција дојде откако Роберт Кубица и Себастијан Фетел имаа судар на три круга до крајот. Трет на подиумот се искачи Јарно Трули од Тојота. Светскиот шампион Луис Хамилтон стигна до четвртото место, а разочараа возачите на Ферари Филипе Маса остана без пласман, а Кими Раиконен заостана три к…
УЕФА ја извести Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за истрагата поведена за Победа за наводно местење на натпреварот од ЛШ со Пјуник од 13 јули 2004 година (1-3).Европската куќа работи по пријава на двајца македонски новинари, а, освен клубот, под истрага се и претседателот на Победа и еден неименуван фудбалер. „Ја добивме информацијата од УЕФА за покренатата истрага и како Федерација ја поддржуваме секоја активност за заштита на спорот од нечесни игри. ФФМ ќе ги почитува и ќе ги спроведе сите одлуки што се во согласност со актите и со статутот на Федерацијата. Контактирав со одгово…
Возачот на тимот на ГП, Џенсон Батон ќе стартува прв од пол позицијата за првата трка во сезоната за Големата награда на Австралија.Британецот дојде до пол позицијата со време од 1:26.202, а во првиот ред друштво ќе му прави клубскиот колега Рубенс Баричело, додека трет ќе биде возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел.Тимот на Брон ГП во Мелбурн дојде до историската пол позиција откако пред три недели не се ни знаеше воопшто дали и ќе учествуваат во овогодинешното натпреварување, после откажувањето на Хонда, но Рос Браун успеа да го спаси тимот, а во Австралија се виде и дека вредеше чекањето. …
Олимпискиот оган од 2016 година ќе биде носен само низ државата во која се одржуваат Олимписките игри, беше одлучено денеска на седница на Извршниот одбор на МОК во Денвер. МОК поради се поголемата исполитизираност на традицијата да се носи огнот низ бројни држави по сите континенти до местото на одржување на Игрите одлучи да ја прекине таа пракса.Одлуката е донесена по дебалкот кој таа традиција го доживеа пред минатогодишните Олимписки игри во Пекинг.Олимпискиот оган на патот околу светот помина 137.000 километри во 19 држави на сите континенти и повеќе пати се „сретна“ со демонстранти ко…
Од технички причини, тимовите на Браун ГП, Тојота и Вилијамс се соочуваат со можна забрана за настап во трката за Големата награда на Австралија, со која в недела ќе стартува годинашната сезона во Формула 1. Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) соопшти дека Ред бул, Рено и Ферари вложиле протест, тврдејќи дека болидите на трите посочени екипи не се во согласност со техничките правила. Протестот од БМВ Заубер, пак, е отфрлен. Од ФИА и информацијата дека претставниците на трите обвинети тимови се поканети од стјуардите на трката во Мелбурн да дојдат на патеката во Алберт Парк. Нови…