Батон стартува прв

Возачот на тимот на ГП, Џенсон Батон ќе стартува прв од пол позицијата за првата трка во сезоната за Големата награда на Австралија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Jenson Baton
Џенсон Батон

Возачот на тимот на ГП, Џенсон Батон ќе стартува прв од пол позицијата за првата трка во сезоната за Големата награда на Австралија.

Британецот дојде до пол позицијата со време од 1:26.202, а во првиот ред друштво ќе му прави клубскиот колега Рубенс Баричело, додека трет ќе биде возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел.
Тимот на Брон ГП во Мелбурн дојде до историската пол позиција откако пред три недели не се ни знаеше воопшто дали и ќе учествуваат во овогодинешното натпреварување, после откажувањето на Хонда, но Рос Браун успеа да го спаси тимот, а во Австралија се виде и дека вредеше чекањето. Брон ГП воедно е и првиот нов тим во шампионатов од март 1971 година кој успеа да земе прво место за пол позиција.
 
BatonПокрај Фетел, на патеката „Алберт Парк“ ќе се најде и Роберт Кубица во БМВ Заубер, додека Нико Розберг кој ги имаше трите најдобри времиња на тренинзите во Австралија ќе биде петти. Потоа следуваат и Тимо Глок во Тојота, минатогодишниот вицешампион Фелипе Маса, Јарно Трули, шампионот од 2007 година Кими Раиконен и миленикот на домашната публика Марк Вебер.

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо во рено ќе стартува дури као 12-ти додека Луис Хамилтон бранителот на титулата ќе биде 15-ти. Возаќот на Мерцедес Мекларен за време на првиот дел на квалификациите беше на работ од елиминацијата, за да во вториот дел на патеката не ни излезат поради проблеми со менувачот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top