Јун 8, 2009

ЛА Лејкерс поведе со 2:0 во финалето од НБА лигата

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс поведе со 2:0 во финалето на НБА лигата откако рано утрово по вторпат пред своите навивачи го совлада Орландо со 101:96 по продолжение, откако во регуларниот дел резултатот беше 88:88.Најефикасен кај домашните беше Коби Брајант со 29 поени, Гасол постигна 24 поени и 10 скокови, а Одом 19 поени. Кај гостите Луис постигна 34 поени и 11 скокови, Хауард исто така имаше „дабл-дабл„ учинок со 17 поени и 16 скокови, а Туркоглу 22 поена. Следните два натпревара се играат во Орландо, а победник е тимот кој ќе дојде до четири победи.{loadposition content9}

Јун 8, 2009

Се помали шансите за второ место во квалификациската група

Македонија значително си ги намали шансите за освојување на второто место во 9. квалификациска група за Светското првенство 2010 бидејќи вечерва освои само еден бод играјќи нерешено со Норвешка (0:0).Македонската репрезентацијата добро го отвори натпреварот. Првите 20-ина минути целосно ја имаше контролата врз играта и иницијативата што резултираше со неколку полушанси. Норвежаните дури во вториот дел од првото полувреме воспоставија рамнотежа и поконкретно се заканија кон голот на Јане Николовски. Во 31. минута Пандев погрешно проигра на средината на теренот, Карју случајно дојде до топкат…

Јун 6, 2009

Денес квалификации за Светско фудбалско првенство 2010 во Јужна Африка

Вкупно четиринаест натпревари ќе се одиграат денеска во европската, односно УЕФА зоната од квалификациите за пласман на Светското првенство 2010-тата во Јужна Африка. Во групата 9, каде настапува и нашата фудбалска селекција, покрај дуелот на стадионот „Филип Втори“ во Скопје, меѓу Македонија и Норвешка (17:45 часот) се игра и натпреварот меѓу репрезентациите на Исланд и досега непоразената Холандија (20:45).Табела група 9: Холандија 15 бодови (5 натпревари), Шкотска 7 (5), Исланд 4 (5) Македонија 3 (4) и Норвешка 2 (3).Во останатите квалификациски групи се среќаваат: Група 1 (20:00) Шведск…

Јун 6, 2009

Посакувани за Гвардиола се…

Стратегот на Барселона, Пеп Гвардиола вели дека Златан Ибрахимович е одличен фудбалер исто како и Давид Силва и Давид Виља.Шведскиот интернационалец е уште една ѕвезда од Серија А, покрај Кака, кој се поврзува со преселба во Шпанскиот шампионат.Се шпекулира дека Барселона го посакува напаѓачот на Интер, а председателите на двата клуба, Масимо Морати и Хуан Лапорта веќе се сретнаа во Барселона каде што пред два дена вечераа во еден елитен ресторан.Пеп вчера присуствуваше на еден семинар за тренери и новинарите од Шпанија веднаш му ги поставија прашањата за трансфер плановите на Барселона.“Ја…

Јун 5, 2009

Роналдо вреден 90 милиони?

Флорентино Перез ќе може комотно да го склопува својот нов галактички состав, а во него да биде и Кристијано Роналдо, доколку му исплати на Манчестер 90 милиончиња! Според англиски Мирор, Манчестер Јунајтед ќе го продава Кристијано Роналдо само ако Реал испрати понуда од 90 милиони евра.Како што се соопштува, управата на “црвените ѓаволи“ е спремна за преговори со Флорентино Перез во наредните денови, но само под услов да ја добијат бараната сума.Претседателот на Реал вчера изјави дека Роналдо е неговата втора мета после наводното ангажирање на Кака.“Кака, Роналдо и Меси се најдобрите фудба…

Јун 5, 2009

Премиерлигашките тимови со долг од над 3 милијарди фунти

И покрај доминацијата на англиските тимови на европската сцена во последните неколку години, нивните долгови сепак се трупаат, па така Daily Telegraph објавува дека вкупниот долг изнесува повеќе од три милијарди фунти. Повикувајќи се на истражувањата од компанијата Deloitte, англискиот весник кажува дека најзадолжен е тимот на рускиот тајкун Роман Абрамович, Челзи, кој е 711 милиони фунти во минус, додека Манчестер Јунајтед во сопственост на амриканското семејство Глејзер е во 649 милиони фунти долг.Останатите два тимови од англиската четворка се со исто така големи долгови, но со помали су…

Јун 4, 2009

Федерер поблиску до Ролан Гарос

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер уште поблиску е до освојување на својот прв Грен Слем трофеј во Париз, единствениот кој му недостасува во галеријата трофеи од големите натпреварувања.Несомнено е дека годинава е најблиску до титулата бидејќо во турнирот не се наоѓаат имињата на личностите кои досега секогаш доминираа на париската земја, пред се недостасува името на „царот“ на земјената подлога Рафаел Надал.Во четвртфиналето швајцарецот, кој го лови 14-тиот Грен Слем наслов во кариерата, со што би се изедначил со легендарниот Пит Сампрас, го победи французинот Гаел Монфилс и тоа без поголе…

Јун 4, 2009

Каде ќе оди Александре Пато?

Oвие дена и тоа како е „прометно“ во фудбалскиот клуб Милан, и тоа најмногу поради големата заинтересираност на европските клубови за најдобрите играчи од „Сан Сиро“.Неофицијално, Реал Мадрид гo договорил и деталите со Кака, Челзи понуди цена за Андреа Пирло, а според италијанските медиуми лондонскиот клуб е прилично заинтересиран и за 19-годишниот Александре Пато, кој со 15 погодоци беше втор стрелец во завршената сезона во Серија А. Еден повеќе постигна неговиот сонародник Кака.„Пато има валиден договор со Милан, но исто така нас ни порача дека интерес му импонира Челзи.На крајот последни…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top