Роналдо вреден 90 милиони?

Флорентино Перез ќе може комотно да го склопува својот нов галактички состав, а во него да биде и Кристијано Роналдо, доколку му исплати на Манчестер 90 милиончиња!

 |  Крсте Голабовски  | 
Kristijano Ronaldo
Кристијано Роналдо

Флорентино Перез ќе може комотно да го склопува својот нов галактички состав, а во него да биде и Кристијано Роналдо, доколку му исплати на Манчестер 90 милиончиња!

Според англиски Мирор, Манчестер Јунајтед ќе го продава Кристијано Роналдо само ако Реал испрати понуда од 90 милиони евра.

Kristtijano RonaldoКако што се соопштува, управата на “црвените ѓаволи“ е спремна за преговори со Флорентино Перез во наредните денови, но само под услов да ја добијат бараната сума.

Претседателот на Реал вчера изјави дека Роналдо е неговата втора мета после наводното ангажирање на Кака.

“Кака, Роналдо и Меси се најдобрите фудбалери во светот. Сега работам на тоа да ги донесам Кака и Кристијано во Реал Мадрид.“

Од друга страна Independent излезе со сторија дека ако Реал не потпише летово со португалската ѕвезда ќе треба да му плати казна на Јунајтед од 30 милони евра, бидејќи во преддоговорот којшто двата клуба го потпишале лани има таква клаузула.

Значи “кралевите“ ќе треба да платат или 90м евра за Роналдо или казна од 30м евра за тим без Роналдо.

“Да, точно е тоа… Но, не е наша грешка. Роналдо е одличен играч. Тој е посебен и цената е малку превисока. Можеби ФИФА ќе треба да стави максимална вредност од 50 милиони за трансфери.“ – изјави потпреседателот на Реал Фернандо Тапијаш за шпанското радио Cadena COPE.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top