Посакувани за Гвардиола се…

Стратегот на Барселона, Пеп Гвардиола вели дека Златан Ибрахимович е одличен фудбалер исто како и Давид Силва и Давид Виља.

 |  Крсте Голабовски  | 
Pep Gvardiola
Пеп Гвардиола

Стратегот на Барселона, Пеп Гвардиола вели дека Златан Ибрахимович е одличен фудбалер исто како и Давид Силва и Давид Виља.
Шведскиот интернационалец е уште една ѕвезда од Серија А, покрај Кака, кој се поврзува со преселба во Шпанскиот шампионат.

Zlatan IbrahimovicСе шпекулира дека Барселона го посакува напаѓачот на Интер, а председателите на двата клуба, Масимо Морати и Хуан Лапорта веќе се сретнаа во Барселона каде што пред два дена вечераа во еден елитен ресторан.
Пеп вчера присуствуваше на еден семинар за тренери и новинарите од Шпанија веднаш му ги поставија прашањата за трансфер плановите на Барселона.

“Јас сум на одмор.” – рече Пеп. “Знам дека сега трансфер пазарот е најактуелен во светот на фудбалот но ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи следната сезона.”

“Се ќе се среди на време. Има луѓе во клубот кој се посветуваат и со телото и со душата и работат напорно за да осигураат работите на крајот да

бидат ок.”
Но стратегот на Барса подоцна даде свое мислење за одредени играчи.

“Зошто Бојан не играше повеќе? Ето постигна многу погодоци, и тој е играч што знае како да се најде во шанса и да реализира. Бојан исто така.

Па добро е што ги имаме двајцаа во тимот.”

“Ибрахимович? Тој е одличен фудбалер, исто како и Виља и Силва.”

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top