Јун 16, 2009

Паднаа и првите казни за Лејкерси

Раководителите на НБА го казнија тренерот на ЛА Лејкерс, Фил Џексон со сума од 25 илјада долари поради упатените критики на адреса на судиите, во текот на четвртиот НБА финален меч против Орландо. Со слична сума беше казнет и Лејкерс поради острите изјави на нивниот тренер. Фил Џексон избувна во првата четвртина кога Гасол, Одом и Бајнам беа казнети со по две лични грешки. На кратката пауза помеѓу првата и втората четвртина, Џексон за американските медиуми изјави дека кошаркарите на Лејкерс биле некоректно казнети од страна на судиите. {loadposition content9}

Јун 16, 2009

Италија ги совлада САД

Светскиот фудбалски шампион Италија со победа стартуваше во „Б“ групата на Купот на Конфедерации. Во Преторија синоќа „азурите“ со пресврт дојдоа до триумф од 3:1 против САД. Американците поведоа со голот на Донован од пенал во 41-та минута. Вториот дел беше во знак на Роси. За неполни 60 секунди откако влезе во игра го израмни резултатот, а потоа преку Де Роси Италија поведе со 2:1. Конечните 3:1 ги постави повторно Роси со својот втор гол. Во првиот натпревар од вчерашната програма Бразил го победи Египет со 4:3. Денеска на турнирот е слободен ден. Утре се играат натпреварите од второто к…

Јун 15, 2009

Ибрахимович тежи колку Роналдо

Во милански Интер процениле нивниот фудбалер Златан Ибрахимович вреди барем еднакво како и Кристијано Роналдо, па одредиле обештетување за Швеѓанецот во износ од 94 милиони евра, толку колку што Реал ќе му плати на Јунајтед за Португалецот. Се поставува прашањето дали новиот претседател на Реал, Перез е подготвен да продолжи да го шокира светот и да му ја исплати на Интер бараната сума, со што би го исцрпел биџетот од 300 милиони евра планиран за летниот преоден рок. {loadposition content9}

Јун 15, 2009

Нови шампиони на НБА се Лејкерси

Кошаркарите на ЛА Лејкерс се новите шампиони во НБА лигата. Тоа е 15 трофеј во клупската историја на Лејкерси. Изминатата ноќ Лејкерси беа подобри од Орландо Меџик и славеа со 99:86, по што стигнаа до конечен триумф во финалната серија со резултат од 4:1 во победи. За најкорисен играч во финалето, или популарно наречен МВП беше избран кошаркарот на Лејкерси, Коби Брајант. Во последниот, петти меч од финалната серија Брајан постигна 30 поени, а зад своето име запиша и 5 асиситенции. Во поразениот тим на Орландо, Луси беше стрелец на 18 поени. {loadposition content9}

Јун 13, 2009

Манчестер го лови Вучиниќ

Црвените Ѓаволи се подготвени да потпишат со Мирко Вучиниќ кој по заминувањето на Роналдо би бил одлична замена за него во нападот. Манчестер Јунајтед сеуште размислува за тоа како да ги потроши 94. милиони евра кој ги доби од трансферот на Роналдо во Реал Мадрид.Според последните светски трансфер вести Сир Алекс Фергусон е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Црногорецот Мирко Вучиниќ чиј стил на игра потсетува на оној кој го негува Роналдо.„Да, точно е, Вучиниќ ќе биде еден од првите избори на клубот“, изјави анонимен извор од англискиот клуб. „Сепак, нема конкретна понуда сеуште“, додаде …

Јун 13, 2009

Хокеарите на Питсбург го освоија „Стенли купот“

Хокеарите на Питсбург се новите шампиони во професионалната хокеарска лига откако во мајстоторката со 2:1 славеа против фаворитот Детроит.Со победата извојувана рано утрово на гостински терен популарните „пингвини“ стигнаа до вкупни 4:3 во победи, а со тоа и до вредниот трофеј во НХЛ лигата.За Питсбург ова е вкупно трета титула во 42-годишната историја на клубот, а прва по 1992 година.{loadposition content9}

Јун 12, 2009

Лејкерси до трета победа во НБА финалето

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејекрс го победија како гостин Орландо Меџик со 99:91, во четвртиот меч од финалната серија во НБА лигата и стекнаа предност од 3-1 во серијата. Лејкерси до победата на Флорида стигнаа по продолженија, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 87:87. Играч на одлука беше ветеранот Дерик Фишер, кој најпрво постигна тројка за продолженија на 4,6 секунди пред истек на регуларното време, а потоа уште една тројка на 31,1 секунди пред крајот на продолжението, со која му донесе и конечна предност на тимот од Лос Анџелес. Мечот број пет се игра во недела, …

Јун 12, 2009

Цената на трансферот на Роналдо, перверзија

Уште пред да ја дознае веста околу договорот помеѓу Реал Мадрид и Кристиано Роналдо за рекордниот трансфер од 94 милиони евра, претседателот на Барселона, Хуан Лапорта го искритикува однесувањето на ривалите од Мадрид кои пред неколку дена го обезбедија и потписот на Кака за 68 милиони евра. „Тој е добар играч, но цената која Реал ја плати е надвор од секаква реалност и го нарушува балансот на трансфер пазарот. Мислам дека ова не е добро за фудбалот. Со овој чекор се губи профитабилноста на екипата, затоа, се надевам дека идните трансфери ќе се случуваат со реални цени“.Инаку, претседателот…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top