Лејкерси до трета победа во НБА финалето

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејекрс го победија како гостин Орландо Меџик со 99:91, во четвртиот меч од финалната серија во НБА лигата и стекнаа предност од 3-1 во серијата.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејекрс го победија како гостин Орландо Меџик со 99:91, во четвртиот меч од финалната серија во НБА лигата и стекнаа предност од 3-1 во серијата.
Лејкерси до победата на Флорида стигнаа по продолженија, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 87:87.

finaleИграч на одлука беше ветеранот Дерик Фишер, кој најпрво постигна тројка за продолженија на 4,6 секунди пред истек на регуларното време, а потоа уште една тројка на 31,1 секунди пред крајот на продолжението, со која му донесе и конечна предност на тимот од Лос Анџелес.
Мечот број пет се игра во недела, повторно во Орландо, а Лејкерси со нова победа би ја освоиле титулата број 15 во клупската кариера.
Фишер мечот го заврши со 12 поени, а пред клучните шутеви промаши 5 шутеви во низа за три.
Коби Брајант беше најефикасен на мечот со 32 поени и 8 скокови, а го следеа Тревор Аризо (16 поени, 9 скока) и Пол Гасол (16 поени, 10 скока).
Двајт Хауард беше на чекор од трипл дабл, со 16 поени, 21 скок (6 во напад) и 9 блокади. Хидо Турколу додаде 25 поени, а Микаел Пјетрус зад своето име запиша 15 поени. Меџик потфрли во шутот за три поени (7 од 21), а Рашард Луис во целост разочара, со 6 поени (0/4 за 2, 2/6 за 3), со 7 скокови и 4 асистенции.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top