Јун 29, 2009

Ето ќе биде најскапиот?

Претседателот на Барселона Хуан Лапорта објави дека до клубот е доставена „монструозна“ понуда за напаѓачот Самуел Ето, со што тој би постанал најскап фудбалер во светот.Лапорта не прецизираше колку пари понудил англискиот клуб за 28-годишниот репрезентативец на Камерун, но нагласи дека станува збор за „стратосферска“ сума.„Ето пред себе има стратосферска понуда од Сити, која би го направила најскап играч во светот. Тој сака да остане, но ваква „монструозна“ понуда многу е тешко да се одбие“, изјави Лапорта.Најскапиот трансфер во историјата на фудбалот беше склучен пред месец дена, кога мад…

Јун 27, 2009

Нова криза во Ф1

Шефот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Макс Мозли одново ја доведе во прашање иднината на Формула 1.Шефот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Макс Мозли одново ја доведе во прашање иднината на Формула 1, откако му напиша писмо на претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, барајќи од него јавно извинување, јави Ројтерс. Во писмото тој изјавува и дека ќе размисли дали ќе се повлече од Ф1 во октомври, како што претходно најави.Мозли и Монтеѕемоло во средата изјавија дека постигнале договор за иднината на трките во Формула 1. Со тој состанок заврши заканата за отце…

Јун 27, 2009

Федерер-Содерлинг првото машко полуфинале на Вимблдон

Роже Федерер – Робин Содерлинг е првата осминафинална двојка на тенискиот гранслем-турнир Вимблдон и, практично, реприза на финалето од Ролан Гарос од пред неколку недели. Швајцарецот го загуби првиот сет годинава на Вимблдон, но славеше со 3-1 над Германецот Филип Кохшрајбер. Содерлинг, пак, со 3-0 го елиминира Николас Алмарго од ШпанијаНа женскиот дел од турнирот во следната фаза се пласираа Елена Дементиева (Русија), Даниела Хантукова (Словачка) и Серена Вилијамс (САД). {loadposition content9}

Јун 26, 2009

Бразил втор финалист во Купот на Конфедерации

Со голот на Даниел Алвеш во 88-та минута, во полуфиналниот натпревар против Јужна Африка, репрезентација на Бразил обезбеди пласман во финалето на фудбалскиот Куп на Конфедерации. Домаќинот на ова натпреварување, Јужна Африка беше рамноправен противник, во дуелот со фаворизираните Кариоки, но попушти во последните минути од натпреварот, па  Бразил, обезбеди место во големото финале. Во него Бразил за противник ќе го има големото изненадување, селекцијата на САД, која во првиот полуфинален натпревар го совлада европскиот шампион Шпанија. Финалниот натпревар, меѓу Бразил и САД, се игра в неда…

Јун 26, 2009

Роси оди на 100-та победа

Валентино Роси е на “седмо небо” по како што самиот кажа, една од неговите најдобри победи, и оди на посебен рекорд – 100 победи на Холандското ТТ во Асен овој викенд. Актуелниот шампион е вклучен во трикратна битка за лидерското место во генерален пласман по неговата фантастична победа над својот тимски колега од Фиат Јамаха, Хорхе Лоренцо на Каталонското ГП и тоа во последната кривина. Лоренцо и светскиот шампион Кејси Стонер се израмнети со Роси на 106 поени пред седмата трка од сезоната во Асен.”Асен е посебна патека за сите возачи и е прекрасно место да се вози Мото ГП мотоцикл, иако б…

Јун 25, 2009

„Формула 1“ се спаси во последен момент

Здружението на клубови од Формула 1 (ФОТА) и Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) денеска во Париз, во последен момент постигнаа договор за решавање на спорот во најелитното брзинско натпреварување.Како потврда дека денешниот состанок заврши успешно е дадената изјава на претседателот на ФИА, Макс Мозли. – Овој е мој последен мандат. Немам намера повторно да се кандидирам за претседателското место во ФИА. Нема да има раскол и паралелни натпреварувања. Се договоривме околу намалувањата на трошоците на екипите. Многу сум срекен дека на крајот вака се завршија сите недоразбирања, изј…

Јун 25, 2009

Фудбалските клубови ќе бидат лиценцирани

Независна комисија што ќе се занимава со лиценцирање на клубовите што ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите и Европската лига ќе биде формирана од следната сезона.Ова го соопшти претседателот на Сојузот на европските фудбалски екипи и на минхенски Баерн Карл Хајнц Румениге, по вчерашниот состанок со претседателот на УЕФА, Мишел Платини.Формирањето на комисијата се покажа како нужност во борбата против си поголемите долгови на одделни клубови, но и растечките обештетувања.„Мораме повторно да постигнеме рамноправност во можностите на клубовите. Тоа е во интерес на фудбалот, особено ког…

Јун 24, 2009

Манчестер Сити го сака Ето

Според информациите, Самуел Ето е една од трансфер целите на Манчестер Сити.Роке Санта Круз е веќе фудбалер на Сити, а гласините велат дека наскоро и Карлос Тевез ќе го засили тимот. Робињо се надева дека и напаѓачот на Барса, Самуел Ето ќе биде донесен во клубот.”Доколку дојде и Ето, тој ќе додаде уште повеќе талент во составот” – изјави Робињо за Sun.”Потребни ни се четири одлични напаѓачи бидејќи сезоната е тешка во Англија”.”Се надевам дека клубот ќе продолжи да купува играчи со таков квалитет. Доколку тоа се случи, ние ќе бидеме речиси непобедливи”.”Фудбалер како Санта Круз е повеќе од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top