Манчестер Сити го сака Ето

Според информациите, Самуел Ето е една од трансфер целите на Манчестер Сити.

 |  Крсте Голабовски  | 
Samuel Eto
Самуел Ето

Според информациите, Самуел Ето е една од трансфер целите на Манчестер Сити.

Роке Санта Круз е веќе фудбалер на Сити, а гласините велат дека наскоро и Карлос Тевез ќе го засили тимот. Робињо се надева дека и напаѓачот на Барса, Самуел Ето ќе биде донесен во клубот.

“Доколку дојде и Ето, тој ќе додаде уште повеќе талент во составот” – изјави Робињо за Sun.

“Потребни ни се четири одлични напаѓачи бидејќи сезоната е тешка во Англија”.

“Се надевам дека клубот ќе продолжи да купува играчи со таков квалитет. Доколку тоа се случи, ние ќе бидеме речиси непобедливи”.

“Фудбалер како Санта Круз е повеќе од добредојден и слушнав дека наскоро ќе се комплетира и трансферот на Тевез”.

“Тоа би било одлично бидејќи Тевез е фудбалер од светска класа и би бил среќен да играм покрај него”.

“Многу е добро кога знам дека мојот клуб цели кон купување на високо квалитетни фудбалери како овие. Сега се надевам дека ќе може да го донесат Ето”.

Samuel ЕtoРобињо вели дека не е загрижен од конкуренцијата, Манчестер Сити купува многу напаѓачи.

“Дали клубот купува многу напаѓачи? Не, не мислам така, Манчестер Сити сака да биде дел од најдобрите во Премиер лигата и Европа”.

“За да ја оствари таа цел треба да има најмалку три или четири одлични напаѓачи”.

“Во сезоната има натпревари во лигата, во куповите, сите тие натпревари имаат многу побарувања”.

“Но јас не сум исплашен од конкуренцијата” – заврши Робињо.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top