Јул 27, 2009

Контадор, победник на Тур Де франс

Шпанецот од екипата на „Астана“, вторпат во кариерата триумфира на најпознатото велосипедско натпреварување во светото – првпат славеше во 2007. Контадор годинава имаше две етапни победи, но постојано успеваше да биде блиску и до најдобрите на останатите етапи. Во вкупниот пласман имаше резултат за 4 минути и 19 стотинки подобар од Енди Шлек на „Саксо банк“. Третото место во вкупниот поредок му припадна на повратникот, седумкратниот шампион Ленс Армстронг. Инаку, денешната 21-ва, последна етапа која завршува во Париз му припадна на Марк Кевендиш. За него ова беше шеста етапна победа на ова …

Јул 25, 2009

Трет пораз на македонските ватерполисти

Македонија го загуби и третиот натпревар од Д групата од Светското првенство во Рим и со тоа го освои четвртото место и до крајот на шампионатот ќе игра во борба за пласман од 13-то до 16-то место. Поуспешни од македонските ватерполисти синоќа беа домаќините, Италијанците, кои победија со 12:5 (3:2, 3:0, 3:3 и 3:0 по четвртини) и го освоија третото место во групата.Македонија добро го почна натпреварот и до 2:2 одржуваше рамнотежа. Но, во продолжение Италија максимално ги искористи сите предности од играч повеќе и ги казнуваше грешките на македонскиот тим. Лошиот период за Македонија траеше…

Јул 25, 2009

Македонските млади кошаркари, денес на поправен

Кошаркарите на македонската селекција до 20 години денеска против Финска во 16:30 часот ќе се обидат да ја остварат и третата победа на првенството и со тоа да го поправат впечатокот по трите убедливи порази. Со евентуален триумф Македонија в недела ќе игра за пласман на 5-тото место против победнникот од дуелот Грузија – Австрија, а доколку загубиме тогаш со поразениот од истиот дуел ќе играме за 7-то место.Продолжија и натпреварите за пласман од 9 – 17 место.Во групата од 9 – 11 место Бугарија – Норвешка 84:80, слободна беше селекцијата на Словачка.Во групата од 12- 14 место Швајцарија ја…

Сеп 3, 2016

Започна револуција во фудбалот, за прв пат употребен VAR на средбата Италија-Франција

Пријателската средба помеѓу Италија и Франција, одиграна во четвртокот во Бари, резултатски не беше важна, но ќе биде запишан како многу важен меч во историјата на фудбалот. Имено, во средбата во која Франција славеше со 3-1, за прв пат е користена видео технологија за да помогне на судијата при носењето на одлуки и исправање на пропустите. Видео технологијата официјално се нарекува Video Assistant Referees (VAR) и функционира на начин така што двајца судии ја прегледуваат снимката кои имаат директна врска со главниот судија и го советуваат како да постапи. Своите импресии по средбата ги…

Јул 24, 2009

Ферари ја чувствува рецесијата

Лошите резултати на Ферари, италијанскиот гигант во Формула 1 како последица произведоа откази внатре во тимот, кој моментално е на четврто место во годинашнава сезона.Имено, во средата Ферари го отпушти Британецот Џон Илеј, првиот човек задолжен за аеродинамика. Илеј во Ферари дојде пред пет години, но „Газета дело спорт“ наведува дека на соработката и дојде крај, и дека раскинот веќе е договорен.Конкретните причини за овој отказ не се наведуваат, но лесно е да се претпостави дека зад целта работа стојат лошите резултати на Ферари во годинашнава сезона во Формула 1. Како што стои во Законо…

Јул 24, 2009

Сомнителни натпревари во врвниот тенис

Се повеќе сомнителни мечеви на тениските терени, а во таа категорија спаѓа и оној од АТП турнирот во Штутгарт минатата недела меѓу Оскар Хернандез и Јанко Типсаревиќ.Комисијата за интегритет на тенисот доби повици од две светски многу силни обложувалници (Вилијам Хил и Бетфер) дека за мечот меѓу Шпанецот и Србинот имало многу големи уплати и сите оделе во еден правец. Се уплатувало на победа на Хернандез, како на 2:0 во сетови така и за обична победа.Инаку, мечот заврши со победа на Оскар Хернандез со 6:4 и 6:4. И покрај тоа што Типсаревиќ е послабо рангиран од Хернандез на АТП-скалата, пре…

Јул 23, 2009

Рос Браун оптимист за Унгароринг

Шефот на Браун ГП, Рос Браун, е оптимистички расположен околу шансите на неговиот тим да се бори за врвот на Унгарското ГП по, како што самиот кажа, двете фрустрирачки трки во Силверстоун и Нирнбургринг. Тимот и лидерот во генерален пласман Џенсон Батон ја загубија огромната предност на двете трки, откако ривалите од Ред Бул беа едноставно недостижни на двете трки.Браун се мачеше со ниските температури на патеките, по што Батон беше само шести и петти, додека во исто време Ред Бул оствари две 1-2 победи. Рос Браун инсистира дека невообичаено ниските температури се главната причина за слабит…

Јул 23, 2009

Казнети англиски фудбалери поради обложување

Четворица англиски фудбалери се казнети од пет месеци до една година, бидејќи се обложиле на натпревар на нивните клубови во рамки на четвртата лига.Казнети се играчите на Акордингтон – Џејмс Харис, Роберт Вилијамс и Дејвид Маникс, како и фудбалерот на Бјури, Ендрју Манган, соопшти англиската фудбалска федерација (ФА).Еден од казнетите фудбалери настапил на мечот Акордингтон – Бјури, одигран минатата недела, а сите суспендирани погодиле дека ќе победи гостинската екипа.„Правилата на ФА забрануваат обложување на сите фудбалери на натпреварите или натпреварувањата во кои учествуваат, што е од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top