Трет пораз на македонските ватерполисти

Македонија го загуби и третиот натпревар од Д групата од Светското првенство во Рим и со тоа го освои четвртото место и до крајот на шампионатот ќе игра во борба за пласман од 13-то до 16-то место.

 |  Крсте Голабовски  | 

Македонија го загуби и третиот натпревар од Д групата од Светското првенство во Рим и со тоа го освои четвртото место и до крајот на шампионатот ќе игра во борба за пласман од 13-то до 16-то место.
Поуспешни од македонските ватерполисти синоќа беа домаќините, Италијанците, кои победија со 12:5 (3:2, 3:0, 3:3 и 3:0 по четвртини) и го освоија третото место во групата.

vaterpoloМакедонија добро го почна натпреварот и до 2:2 одржуваше рамнотежа. Но, во продолжение Италија максимално ги искористи сите предности од играч повеќе и ги казнуваше грешките на македонскиот тим. Лошиот период за Македонија траеше 13 минути и 40 секунди колку што не дадовме гол и Италија се одлепи 6:2 по првото полувреме. Третиот период Македонија го одигра најдобро, но тоа беше недоволно за пресврт. Најефикасен на натпреварот беше Фиорентини со 4 голови, Милиќ со 3 голови, а по еден постигнаа Крстиќ и Бениќ.

Во вториот натпревар од  групата САД – Романија 7:5.
Американците го освоија првото место во групата со 6 бодови, Романија освои 4, Италија 2, а Македонија остана без бод.
Во А групата во третото коло Канада направи изненадување со победата над Германија 5:4, а Унгарија очекувано славеше против Јужна Африка 15:5. Унгарија е прва со 5 бодови, Канада освои 4, Германија 3, а Јужна Африка не освои бод.
Во Б групата Хрватска – Кина 15:5, Црна Гора – Бразил 19:5.
Табела: Хрватска 6, Црна Гора 4, Кина 2 и Бразил 0.

Во Ц групата Шпанија – Казахстан 11:5, Србија – Австралија 8:8.
Табела: Шпанија 6, Србија 3, Австралија 3 и Казахстан 0.

Четирите првопласирани од групите (Унгарија, Хрватска, Шпанија и САД) се пласираа во четвртфиналето, додека в недела на програмата се четвртфиналните квалификациони дуели.
Двојките се: Канада – Кина, Германија – Црна Гора, Австралија – Романија и Србија – Италија.

В недела ќе се одиграат и натпреварите за пласман од 13-то до 16.место. Македонија од 10:20 часот ќе игра против Казахстан, додека во вториот дуел играат Бразил – Јужна Африка. Победниците ќе играат в вторник за 13-тото место, а поразените за  15-тото место.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top