Сомнителни натпревари во врвниот тенис

Се повеќе сомнителни мечеви на тениските терени, а во таа категорија спаѓа и оној од АТП турнирот во Штутгарт минатата недела меѓу Оскар Хернандез и Јанко Типсаревиќ.

 |  Крсте Голабовски  | 
Janko Tipsarevic
Јанко Типсаревиќ

Се повеќе сомнителни мечеви на тениските терени, а во таа категорија спаѓа и оној од АТП турнирот во Штутгарт минатата недела меѓу Оскар Хернандез и Јанко Типсаревиќ.

Janko TipsarevicКомисијата за интегритет на тенисот доби повици од две светски многу силни обложувалници (Вилијам Хил и Бетфер) дека за мечот меѓу Шпанецот и Србинот имало многу големи уплати и сите оделе во еден правец. Се уплатувало на победа на Хернандез, како на 2:0 во сетови така и за обична победа.

Инаку, мечот заврши со победа на Оскар Хернандез со 6:4 и 6:4. И покрај тоа што Типсаревиќ е послабо рангиран од Хернандез на АТП-скалата, предвидувањата на обложувалниците беа такви што Типсаревиќ беше фаворит (коефициентот беше меѓу 1,65 и 1,75), додека за победа на Хернандез од 2:0 во сетови коефициентот беше околу 3.80.

Обложувалниците се решиле да ги стопираат исплатите на добивките на оваа двојка, а Комисијата за интегритет на тенисот објави дека ќе го анализира мечот, истовремено и уште два други кои отворија многу сомнежи. Еден е оној од Вимблдон меѓу Мелцер и Вејн Одесник, а вториот, интересно, исто така меч во кој играше Хернандез. Во прашање е дуелот од Хертогенбош (трева) меѓу Хернандез и Австриецот Колерер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top