Сеп 15, 2009

Федерер на колена

Хуан Мартин Дел Потро е новиот шампион на Ју Ес Опен, откако ја прекина серијата од пет победи во низа на Рожер Федерер. Аргентинецот ги издржа сите напади на Швајцарецот, но исто така во пресудните моменти играше агресивно, што на крајот му ја донесе и победата.Федерер подборо влезе во мечот и првиот сет го реши во своја полза, но Дел Потро набрзо се консолидираше и со голема борба во тај брејк успеа да изедначи на 1:1 во сетови. Повторно Федерер беше тој кој ја превзема иницијативата и со својата добро препознатлива игра не само што го освои третиот сет, туку и во четвртиот беше на чекор …

Сеп 15, 2009

Реал и Барса, фаворити за европската круна

Водечките британски кладилници ги гледаат шпанските фудбалски великани Барселона и Реал Мадрид како најголеми фаворити за освојување на Лигата на шампионите, а зад нив следи англиската четворка.Коефициентот дека Барса ќе ја одбрани титулата првак на Европа е 5, додека чекор зад неа е „Кралскиот клуб“ со коефициент 5.50. Трет фаворит е Челзи(6.50), а потоа следат Манчестер Јунајтед(7), Арсенал(8) и Ливерпул(9).Италијанскиот шампион Интер е на седмо место(13), градскиот ривал Милан е скала подолу(23), а потоа следат Јувентус(26) и Баерн(26).Најмалку шанси за освојување на европскиот трон имаа…

Сеп 14, 2009

Барселона го сака Лука Тони

Европскиот шампион Барселона посакува во јануари да го донесе напаѓачот на Баерн, Лука Тони. Иако ова лето на Ноу Камп пристигна Златан Ибрахимовиќ, тренерот Пеп Гвардиола посакува уште еден напаѓач како замена за шведскиот гол-мајстор.Според пишувањата на Тутоспорт, “Каталонците” посакуваат во јануари да го донесат Италијанецот, а во нивна корист оди и фактот дека Тони е во втор план кај Ван Гал и поради тоа би можел да се одлучи да ја смени средината. Досега Тони беше повреден, но останува да се види дали до јануари ќе успее да се наметне покрај одлично расположените Клосе, Гомез и Олиќ.О…

Сеп 14, 2009

Баричело пред Батон во Монца

Бразилецот Рубенс Баричело стигна до убедлива победа на Италијанското ГП во 1-2 победа за Браун ГП за да ја намали разликата на неговиот клупски колега Џенсон Батон на 14 поени на само 4 трки пред крајот на Ф1 сезоната. Батон се врати на подиумот првпат по шест трки со второто место со 2.8 секунди заостанување зад ветеранот во трка која како да го одбележи финишот на сезоната во трка на двајца возачи.Финецот Кими Раиконен доби како “подарок” трето место за Ферари и за илјадниците тифози откако актуелниот шампион Луис Хамилтон излета во последниот круг. Хамилтон стартуваше од пол-позицијата,…

Сеп 12, 2009

Гвардиола останува во Барса

На прес-конференцијата во пресрет на денешниот натпревар со Гетафе, стратегот на Барселона, Пеп Гвардиола вели дека е задоволен од управата ан Барса и додава дека неговиот договор не е приоритет.Гвардиола подолго време преговара со управата на Барселона за продолжување на неговиот договор кој истекува по крајот на оваа сезона. Во медиумите се појавија многу шпекулации но стратегот вели дека продолжувањето на верноса не е приоритет.“Имам уште една година од мојот договор и многу работа во следниот период. Продолжување на мојата верност не е приоритет.”“Денот кога ќе почувствувам дека сакам д…

Сеп 12, 2009

Одлуката за Кастер Семениа во ноември

Светската шампионка во трката на 800 метри Кастер Семениа, откако се обелодени информацијата вчера дека станува збор за хермафродит, одлуката за својата судбина ќе ја дознае во ноември. Семениа пред освојувањето на златниот медал морала да биде подложена на тест за утврдувања на полот, поради големиот напредок во резултатите кои ги постигна во последнава година. Поранешниот тренер на јужноафриканската атлетичарка изјави дека таа е хермафродит, додека тренерот кој ја водеше селекцијата на Светското првенство во Берлин поднесе оставка поради сите случувања. За случајот на Семениа ќе се распра…

Окт 17, 2016

Мурињо “запали оган” пред најголемото дерби во Англија

Вечерва на распоредот е дербито на најтрофејните клубови во Англија и иако не се во фаворитите за освојување на титулата двобојот на овие два клуба секогаш привлекува огромно внимание. Причина повеќе лежи во фактот дека оваа година менаџер на црвените ѓаволи е Жозе Мурињо, кој не пропушти да ја одигра својата психолошка војна пред натпреварот.Само ден пред големото дерби Мурињо во разговор со новинарите го исмеа германскиот менаџер на клупата на Ливерпул Јирген Клоп и неговиот начин на водење на клубот. Клоп толку се соживува на секој натпревар и вон својот тренерски простор трча, скока, ви…

Сеп 11, 2009

Одиме на повисок пласман

Македонската кошарска репрезентација се пресели во полскиот град Бидгошч каде денеска со мечот против Франција ја почнува битката за висок пласман на Европското првенство (ЕП).По двата порази, против Грција и Хрватска, и победата против Израел, репрезентацијата на Македонија обезбеди историски пласман во втората фаза, и можност за уште еден подвиг, да обезбеди учество на Светското првенство.За таа цел, според пресметките, би биле потребни две победи во групата Е, во која покрај Грција и Хрватска се и новите противници – актуелниот европски првак Русија, Франција и Германија.Прв противник на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top